ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Срѓан Керим и Валентина Божиновска се дел од советниците на Османи во Стратешкиот совет

May 20, 2021 14:53
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија денеска се одржа инаугуративен состанок на Стратешкиот совет за надворешна политика.

Меѓу 26-те членови на Стратешкиот совет за надворешна политика, како советодавно тело на Министерството за надворешни работи што денеска го објави министерот Бујар Османи се и Валентина Божиновска и Срѓан Керим. Османи имаше состанок со членовите на кој кажа дека има имиња со различни мислења и токму тоа е важно за овој Совет да чуе различни идеи и ставови.

Освен Керим и Божиновска, членови на советот се Марјан Ѓуровски, Нано Ружин, Денко Малевски, Марко Трошановски, Ивана Туфегџиќ, Гордан Горгиев, Лазар Еленовски, Живко Мукаетов, Виктор Габер, Ајдован Адемовски.

„На мое лично задоволство денеска имавме исклучително успешен состанок на Стратешкиот совет за надворешна политика.  Чувствувам потреба да изразам благодарност до сите членови за нивната несебичност да се вклучат во оваа одговорна работа со цел да дадат дополнителен придонес во изработка на Рефлексија 2030. Се работи за квалитетни луѓе, докажани експерти во сите области, исклучително искусни и добри познавачи на приликите во дипломатијата – од професори и академици, па се до претставници на реалниот сектор, како бизнисмени и економисти, додаде Османи.

Тој нагласи дека при изборот на членовите на Советот се водело сметка да се добие широка, општествена, интелектуална и експертска претставеност, при што не се ограничил да покани и поединци кои имаат и цврст и јасен политички став и кои во исто време се ослободени од притисокот на дневната политика.

– Очекувам на едно стручно, експертско, но пред се одговорно ниво да ги вкрстиме различните ставови со цел да изградиме пресек кој би го следеле во следните десет години. Телото е постојано, но неговите членови не се фиксни и секогаш постои можност да го зајакнеме учеството онаму каде што ќе идентификуваме дека е потребно, потенцира шефот на дипломатијата.

Османи рече дека членовите ќе работат волонтерски без никаков паричен надоместок за нивниот ангажман.

Јавноста е изненадена од одредени имиња кои ќе го советуваат министерот Османи.

Срѓан Керим е еден од двајцата осомничени во случајот на СЈО за пропаднатата Медиа принт Македонија.

Валентина Божиновска е позната по тоа што после изборите 2016 година, рече дека тоа ќе биде „вечер на ножевите“.

Ј. Ѓ.

Next Post

Денеска се регистрирани 50 нови случаи на Ковид 19

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk