ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Странски туристи во Охрид учат да изработуваат накит од филигран

May 24, 2021 10:43
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА, МАГАЗИН, РЕПУБЛИКА
Фото С. РИлковска

Фото С. РИлковска

Share on FacebookShare on Twitter

Жителка на Девствените острови на Карибите во Охрид учи да изработува накит од филигран. Во време на светска пандемија, Анет Хил Боринг и нејзиниот сопруг,  направиле илјадници километри за да ја посетат нашата мала земја, која им била желба од поодамна. Смениле четири летови, од Девствените острови до Порторико, потоа до Вашингтон, па Виена за да допатуваат во  Скопје.

Во Охрид се вљубија во природата  и културата, но и старите традицонални занаети.

„Многу сакам сребро, додека шетавме во стариот дел на Охрид го видов ателјето каде се изработува сребрен накит. Сопствениците ми понудија сама да научам да изработам накит од сребро. Беше уникатно доживување, ми покажаа како и самата го направив овој прекрасен прстен. Кај нас се изработува сребрен накит, но не на ваков начин. Многу ми се допадна Охрид, ова за мене е незаборавно доживување“, вели Анет Хил Боринг туристка од Кариби.

Анет Хил Боринг туристка од Кариби

Најважно во филигранството, покрај умешноста и фантазијата на мајсторотот, е неговата трпеливост. За да се состават сите делчиња, требаат денови.

Странците се вљубуваат во филигрантот, занает кој се смета за  врвна уметност. Голем е интересот на гости кои сакаат одблизу да се запознаат со изработката на овој уникатен накит.

„Интересот за филигранот е доста застапен особено кај странските туристи, кои  не го одминуваат нашето ателје. Прашуваат како се изработува накитот се заинтересирани а ние им правиме презентации. Веќе две години имаме  „filigree experience“ начин на кој самите турсти го изработуваат својот накит. Со наша  помош седнуваат и работат парче накит за кое што се заинтересирани“, вели Павлина Шикалеска, кујунџија.

Радува тоа што последните години заживува филигранството во Охрид. Десеттина млади луѓе од градот ја продолжуваат древната традиција. Последниот врвен кујунџија беше Вангел  Деребан, легендата на македонското кујунџиство.,  или човекот со „златни раце“, кој почина пред осум години, Тогаш замре овој занает но, пред четири години овие млади вредни луѓе, надежни мајстори  го возобновија кујунџиството во градот.

Со охридски филигран се китат бројни светски личности, актери, пејачи  меѓу нив е  и поранешната прва дама на американската дипломатија Медлин Олбрајт. Денес на уникатните творби  работени по теркот на традиционално изворно филигранство се воодушевуваат туристите.

Соња Рилковска

Next Post

Се сади новата реколта тутун, очекувањата се поголеми

Shortcut

Најново

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk