ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Стефоска на министерска конференција: Културата e движечка сила која ги отвора границите што ги затвори вирусот

May 25, 2021 14:01
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за култура Ирена Стефоска денеска учествуваше на Седмата министерска конференција на Советот на министри за култура на Југоисточна Европа – Јакнење на културата во функција на одржливиот развој (CoMoCoSEE) која, поради пандемијата, се одржа онлајн. Домаќин на конференцијата беше Министерството за култура и спорт на Република Грција, коe во изминатиот период претседаваше со Советот.

Како што соопшти Министеството за  култура, Стефоска во обраќањето изрази благодарност до домаќините и истакна дека е ова одличен повод да се нагласи заедничката посветеност за понатамошно унапредување на регионалната и мултилатералната соработка во областа на културата и културното наследство како движечка сила за дијалог, креативност и кохезија на регионот.

Реферирајќи на темата на Министерската конференција: „Дигиталните и еколошките културни политики во контекст на пандемијата“, Стефоска истакна дека Република Северна Македонија, како и другите земји во светот, ги усогласи својот социјален и културен живот за да се справи со предизвиците што ги наметна глобалната пандемија.

– Овие нови предизвици ни овозможија да започнеме да гледаме на културата повеќе како екологија, отколку само како економија, и да започнеме со преиспитување на старите модели на креативен пристап и државна поддршка. Меѓутоа, во овој поглед, сè уште имаме многу повеќе да работиме и да учиме едни од други, додаде Стефоска.

Министерката за култура информираше дека како дел од сеопфатните државни пакети за поддршка беше обезбедена поддршка за културните работници, вклучително, и првпат, за независните уметници.

– Паралелно со осигурувањето дека културните работници можат да продолжат да творат, Република Северна Македонија ги продолжи системските реформи, фокусирана кон нова стратегија и законска рамка за заштита на културното наследство, рече Стефоска.

Таа ја нагласи и важноста на културата како главна алатка која им помага на луѓето да се справат со последиците од пандемијата и рече дека културата мора и треба да биде движечка сила која ги отвора границите што ги затвори вирусот.

– Ние сме министри за култура во многу тешко време. Затоа, нашата одговорност е поголема од вообичаеното. Сега, повеќе од кога било, нашата соработка е најважна. Културата може да биде заеднички елемент што го споделуваме и кој може да ни помогне да ја поддржиме и да ја инспирираме неопходната транзиција од нашата моментална ситуација и треба да биде уште повидлива. Југоисточна Европа, како цивилизациска крстосница, изобилува со културно наследство, што треба да нè направи уште поблиски пријатели, нагласи Стефоска.

На конференцијата, како што соопштува Министерството, беше истакнато дека како дел од процесот на интеграција во ЕУ, Северна Македонија е посветена на спроведувањето на Агендата на ЕУ за Западен Балкан за иновации, истражување, образование, култура, млади и спорт.

-Беше споделено и дека Министерството за култура на Северна Македонија ја изрази својата подготвеност да учествува во новата Програма за „Креативна Европа 2021 – 2027“. На конференцијата беше поздравена и иницијативата за формирањето на Регионалниот фонд за културна соработка, како сериозен механизам за практично унапредување на регионалната соработка, наведува Министерството за култура.

Министрите за култура и шефовите на делегациите, на крајот на Министерската конференција, ја усвоија и Атинската декларација со која ги потврдија заложбите за продолжување на соработката во духот на меѓусебното почитување.

Претседавањето со Советот на министри за култура на Југоисточна Европа – Јакнење на културата во функција на одржливиот развој (CoMoCoSEE) го презеде Црна Гора.

извор: МИА

Next Post
ФОТО: МИА

Нова можност за аплицирање за мерките и програмите од Оперативниот план, објавени огласи, аплицирање до петок

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk