ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО СОЦИЈАЛА

Вработените од туристичко-угостителскиот сектор во Охрид заминуваат на работа во фабрики

May 26, 2021 15:28
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕПУБЛИКА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Стотина вработени во туристичко угостителскиот сектор, заминаа  во охридските фабрики. Кризата предизвикана од пандемијата најмногу го погоди туристичкото стопанство. Голем дел од  вработените, особено  со сезонски ангажман, но и останатите кои повеќе од една година земаа минимална плата како финансиска помош од државата, се преквалификуваа. Од келнери, шанкери, салатери, собарици , денес работат на лента во германската  фабрика „Костал“ во Охрид.

Ги бираат странските компании бидејќи им нудат солидна плата, сигурност и можност за напредок во кариерата.

„Посебно во последните 15 до 16 месеци од почетокот на пандемијата, голем дел на вработени во угостителскиот и туристичкиот сектор активно аплицираа за работа и веќе се вработени во „Костал“. Ние во моментов немаме проблем со стручен кадар, но техничкиот кадар е проблем без разлика дали тие завршиле средно стручно образование или се од други бранши,  навистина треба многу време за обука и подобрување на нивните вештини особено за автоматизација и роботика“ , вели Виктор Мизо, директор на „Костал“.

Охрид во осумдесеттите години од минатиот век  важел за индустриски град, познат по  машинската, текстилната и  електро-индустријата. Последните години туристичко угостителскиот сектор беше во експанзија, но кризата предизвика трансформација.

„Креирање на еден кластер технолошки напредни компании во овој регион на државата ако гледаме што се случувало овде кон крајот на 80-те години имало многу индустрија. Што се случило со индустриското знаење во тој период од триесетина години подобро да не коментирам. Потребно е време и напор, денес  за тие да можат да бидат продуктивни и квалитетни работници. Најчесто ги праќаме во период од неколку недели па дури и до една година во Германија, Ирска  Велика Британија  и наши други локации низ Европа за да може  да бидат обучени“,, вели Виктор Мизо.

Во охридскиот регион покрај „Костал“ има и фабрика на компанијата „ОДВ Електрик“, а во  индустриската зона кај Подмолје за работа се подготвува трета странска компанија од Канада за производство на делови во автомобилската индустрија.

Токму затоа, општината се залага за квалификување на стручен кадар. Учениците од средното стручно училиште ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ на пракса редовно одат во фабриките.

„Од исклучително значење за создавање на  квалификуван кадар во техничките струки е дуалното образование и соработка која ја имаме со фабриките. Странските инвестиции во нашиот регион како што е компанијата „Костал“ ја наметнаа потребата од стручен кадар за креирање на образовен систем кој ќе продуцира обучени работници што може лесно да се вклопат в процесот на нивното производство“, вели градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Трансфер во фабриките има и од страна на занаетчиите. Немоќни да остварат егзистенција ги затворија своите дуќани, го оставија алатот и заминаа на работа во фабрика.

Соња Рилковска

Next Post

Заев- Брнз: Политиките на дијалог отвораат перспективи, САД со поддршка за следниот чекор во евроинтеграциите

Shortcut

Најново

Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

„12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

September 26, 2026

Денови на германскиот јазик 2026 во Северна Македонија

September 26, 2026

ХЕРА: Светски ден на контрацепција – „Избор без бариери“ – но изборот не е реалност за сите

September 26, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026
Никола Спасов

Нема добар ПР за лоша политика

September 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk