ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КРИМИНАЛ

Пресечен меѓународен канал за трговија со луѓе, 48 лица вратени во Тајван заедно со доказниот материјал

May 28, 2021 15:21
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во соработка и координација со Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе и Истражното биро на Министерството за правда на Тајван пресече меѓународен канал за трговија со луѓе.

– Постапувајќи по Замолница за меѓународна правна помош од Тајван преку ЕУРОПРАВДА, на почетокот на месец мај годинава е спроведена акција во која се пронајдени 48 лица од Тајван од кои седум лица се организатори – припадници на криминална група, а останатите потенцијални жртви на трговија со луѓе. Во акцијата се извршени претреси на две локации во населбата Бардовци, каде што се пронајдени 42 лица. Четири лица – организатори и предмети се пронајдени во два хотела во Скопје, а двајца од организаторите се лишени од слобода на ГП Блаце при обид да ја напуштат државата. По пронаоѓањето, до вчера лицата беа сместени во Прифатен центар за странци во Скопје, соопшти Јавното обвинителство.

Во текот на постапката, предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција одржал онлајн состанок со надлежниот јавен обвинител од Тајван и претставници на Република Северна Македонија и Тајван во ЕУРОПРАВДА. На состанокот биле споделени информации дека за организаторите се води истражна постапка во Тајван заради основано сомнение за сторени кривични дела Измама и Перење пари. Врз основа на споделените информации, согласно Законот за меѓународна правна помош во кривична материја, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција доставил барање за отстапување на кривичното гонење.

– Оваа организирана криминална група, т.н. „Синдикати“ ги врбувала лицата во Тајван, ветувајќи им подобра работа и поквалитетен живот. Со цел да ги средат административните процедури за патување на жртвите им ги одземале патните исправи, а откако жртвите биле донесени на целното место им биле одземани и мобилните телефони. Жртвите ги сместувале во куќи и истите постојано биле придружувани од некој од организаторите со цел да бидат контролирани и оневозможени да контактираат со надворешноста. Задачата на жртвите била преку брз интернет да воспоставуваат контакти со потенцијални жртви на финансиска измама. Тие биле поделени во три групи како телефонски оператори што работеле на три нивоа, се вели во соопштението.

„Операторите“ во првото ниво на жртвите со кои комуницирале, се претставувале како службеници во банка, поштенска служба или осигурителна компанија. Во второто ниво, со цел да прибават целосни лични податоци, се претставувале како полициски службеници и барале доказ од жртвите за извршена уплата на измислена казна врз основа на која ги краделе личните податоци на жртвите. „Операторите“ од третото ниво претставувајќи се како обвинители и судии, ги убедувале целните жртви дека ќе се соочат со тешки обвиненија доколку не соработуваат и не префрлат одреден износ на парични средства на сметки што биле наменети за наводно намалување, односно ослободување од казната.

– Во текот на вчерашниот ден, сите 48 лица во придружба на овластените лица од Истражното биро на Министерството за правда на Тајван, се вратени во Тајван заедно со севкупниот доказен материјал обезбеден при извршените претреси. Вакви слични акции во текот на минатата година беа спроведени и во Република Црна Гора, соопшти Јавното обвинителство.

извор: МИА

Next Post

Заев-Абдрашов: Република Казахстан е заинтересирана да ја унапреди економската соработка со Република Северна Македонија

Shortcut

Најново

Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026
Скопје, центар, 27 август 2026 (фото: Фронтлајн)

Фотографски записи од центарот на Скопје

August 29, 2026

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk