ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Јавниот градски превоз во Тетово со најмодерни еколошки автобуси с уште не превезува патници

May 29, 2021 10:37
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Јавниот градски превоз во Тетово никако да профункционира во пракса. По формирањето на јавното претпријатие  Тетово – Транспорт во 2019 година, во јануари годинава општината купи 5 еколошки автобуси наменети за јавен превоз, но наместо да превезуваат патници тие сѐ уште се паркирани во дворот на Територијалната противпожарна единица во Тетово, каде свечено беа промовирана од општинската власт, како и од министерот за финансии, Фатмир Бесими.

За автобусите се потрошија над 720 000 евра, а беа купени со кредит од Светска банка.

Граѓаните не веруваат дека јавниот превоз ќе профункционира. Најавите дека и Тетово град кој заслужува да има ваков вид на превоз, според голем дел од тетовци се сами политички маркетинг.

„Нема ништо од јавниот превоз во Тетово, а нормално е дека е потребен, затоа што нашиот град е универзитетски има можеби над 100.000 граѓани. Но се поставува прашањето, како тој градски превоз ќе се спроведе, ако знаеме кој хаос е по улиците и колку имаме гужви, каде ќе се паркираат тие автобуси да се качат патниците, каде ќе вртат тие автобуси“, истакна еден жител на Тетово.

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, вели дека наскоро ќе профункционира јавниот превоз, но конкретен датум не кажа.

„Малку се оддолжи постапката за ставање во функција на јавниот превоз, но сега работите течат во добар правец. Имаме возачи за јавниот превоз и веќе се осугурани, осигурани се и автобусите, одвоено е местото каде ќе застануваат автобусите кое ќе биде наменето за нив, административните процедури се завршени, значи наскоро ќе започне да функционира јавниот превоз“, рече Арифи.

Познавачите на приликите не веруваат дека јавниот превоз ќе функционира нормално, ако претходно не се среди сообраќајниот хаос во градот. Мора да имаме непречен сообраќај, ако сакаме да имаме непречен јавен градски превоз, во спротивно една автобуска линија од околу 3 километри автобусот ќе ја поминува околу 1 час. Во тој случај ќе имаме нефункционален јавен превоз и никој нема да сака да го користи. Има повеќе начини да се среди овој хаос, еден е преку изградба на обиколница, а може и поевтина варијанта. На пример, на сите три страни на градот од каде имаме влез  на возила да се направат големи јавни паркинзи и тука да се паркираат возилата, а потоа граѓаните да можат да дојдат со јавен превоз  до центарот на градот, сѐ со цел да се спречи тој влез на возила кој мора да потенцираме е и транзитен и да не се дозволи секој до самиот центар на градот да може да дојде со автомобил. Ова е само мој предлог за растеретување на сообраќајот, односно помалку возила особено во централното градско јадро, на тој начин би имало и подобро функционирање на јавниот превоз. Но сепак ова треба да го разработат  експертите од Општина Тетово, тие за тоа и се платени“, изјави Валентин Тасевски градежен инжинер од Тетово.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, при посетата на Тетово оваа недела, изјави дека во тек е процедура за избор на проектант за изградба на обиколница за Тетово, од клучката за село Требош до Непроштено.

Со ова сообраќајно решение би се рестеретил сообраќајот во Тетово, односно би се намалил транзитниот сообраќај, кој ги прави најголемите гужви во Тетово. Според Рустеми градежните активности за изградба на обиколницата би започнале наредната година.

Зоран Димовски

 

Next Post

Ќе се асфалтира патот Тетово-Попова Шапка, сообраќајот во прекин од 8.30 до 16.30 во наредните 30 дена, освен во неделите и празничните денови

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk