ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Медиумите и пандемијата: Саморегулацијата на медиумите да добие силна поддршка

May 31, 2021 15:49
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПАНДЕМИЈА
фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Советот за етика во медиумите (СЕММ), во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денеска организираа настан за медиумската саморегулација и за тоа што донесе пандемијата. Главна констатација беше дека најмногу прекршување на новинарските стандардите за време на корона кризата имало од страна на онлајн медиумите, а прекршувања имало и на социјалните мрежи. Беше потенцирано дека саморегулацијата на медиумите треба да добие силна поддршка.

-Новинарите се соочија со исклучителни предизвици известувајќи за коронакризата во изминатата година и половина. Освен интензивното известување за вирусот, новинарите се бореа со она што СЗО го нарекува инфодемија. Во време на здравствена криза дезинформациите и гласините можат  нашироко да се шират. За жал, крајниот резултат може да биде натамошна стигматизација, дискриминација и исклучување на луѓето одобено оние кои припаѓаат на немнозински или ранливи групи, рече Илона Казарјан, rаководителка на Отсекот за комуникации и односи со медиумите на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Казарјан рече дека најпогодени се онлајн медиумите и социјалните мрежи преку кои лесно можат да се пренесат овие дезинформации. Таа се повика на едно истражување на Македонскиот институт за медиуми за известување за време на пандемијата Ковид-19, кое покажало дека околу 39,7 проценти од населението во земјата верува дека дезинформациите и таканаречените лажни вести сериозно го нарушуваат кредибилитетот на медiумите, посочувајќи на онлајн медиумите и социјалните мрежи како најлесна мета.

Претседателката на Советот за етика во медиумите Катарина Синадиновска се заблагодари за поддршката од ОБСЕ и посочи дека саморегулацијата останува една од алатките со кои можат да се подобрат состојбите во медиумите, особено во онлајн медиумите. Искажа пофалби за колеги новинари кои професионално известувале за пандемијата со Ковид-19 во вакви околности, но истовремено и разочараност од дел од нив.

-Саморегулацијата како процес, особено, во делот на онлајн медиумите, што ги посочивме како главни прекршувачи на новинарските стандарди, е нешто што треба да добие силна поддршка. Ние во текот на оваа тешка година ги изготвивме насоките за етичко известување, имамвме многу реакции јавни, опомени до оние кои ги прекршуваа стандардите, не се соочивме само со Ковид, се соочивме и со избори, и она што е најважно гледавме да го промовираме што повеќе Регистарот на онлајн медиуми како едно од клучните алатки за поделба на медиумите по нивната професионална оска, рече Синадиновска.

Претседателот на Комисијата за жалби на СЕММ Мирче Адамчевски информираше дека се зголемила бројката на жалби до нив, како и дека дури 70 проценти од жалбите се однесувале за известување за коронавирусот.

-Од крајот на февруари лани и почетокот на март кога ја добивме првата претставка поврзана со коронавирусот, па до почетокот на изборите накаде во јули, од вкупниот број доминираа токму тие. Најмногу имаше претставки поврзани со коронавирусот. Дојде до нагло зголемување на жалбите. Добивме 140 жалби лани, што е речиси 70 проценти повеќе од годината пред тоа. За неколку месеци ние добивме над 30 жалби, рече Адамчевски.

Прекршување на членот 1 од Кодексот на новинарите што се однесува на објавување на точни и проверени информации е утврдено во речиси од половината случаи, додека сензационалистичко известување е утврдено кај една третина од пријавените случаи.

-Граѓаните реагираа и за обидите за политизирање на коронавирусот во медиумите, а во 13 случаи е утврдено дека новинарите не обезбедуваат професионална дистанца од политички субјекти, рече Адамчевски.

Next Post

Фуере: Историјата и идентитетот мора да останат надвор од ЕУ процесот

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk