ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Градот Скопје потпиша договор за изработка на студија за целосна реконструкција на мрежата на автобуските линии

June 1, 2021 13:38
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градот Скопје потпиша договор со реномираните компании РОМ Транспортејшн и ГСТЦ ЛТД за изработка на студија за оптиматизација на линиите на автобускиот јавен превоз во главниот град, целта е воведување на нов систем кој ќе овозможи целосна реконструкција на мрежата на автобуските линии.

-Пред две години Град Скопје зема заем во висина од 10 милиони евра од Европската банка за обнова и развој, со тоа град Скопје и ЈСП почнаа со реализација на проектот за набавка на 33 еколошки автобуси. Во рамките на тој проект од страна на ЕБОР е обезбедена и техничка поддршка  преку гранд на неповратни средства за изработка на студија за оптиматизација на линиите на мрежите на автобускиот јавен превоз во Скопје, изјави градоначалникот Петре Шилегов на денешната пред-конференција.

Додаде дека од вкупно 17 понуди од светски реномирани консултантски организации во сферата на транспортот од Градот Скопје, бил избран конзорциумот меѓу израелската компанија РОМ Транспортејшн и англиската ГСТЦ ЛТД со понуда во висина од 322.530 евра. Компаните имаат изработено голем број на студии за потребите на јавниот превоз во Израел, Велика Британија, Романија, Литванија, Хрватска, како и  други земји членки на ЕУ .

-Потребата од ваква студија се наметна поради фактот што актуелна мрежа на линии во нашиот град е направена врз основа на вакваа студија која датира уште пред точно 40 години, имајќи во предвид колку градот е променет во последниве 40 години и во однос на популацијата и урбаниот развој, подготовката на вакваа нова стдија со која ќе извршиме целосна реконструкција на мрежата на автобуските линии беше повеќе од неопходна, рече градоначалникот Шилегов.

Тој истакна дека главната цел е зголемување на атрактивноста на јавниот градски превоз кој ќе резултира со намалување на употребата на автомобилите.

-Со оваа студија очекувам да се појават нови решенија за системот на јавен превоз кој што ќе ја зголемат неговата популарност што недвосмислено ќе води до поголем број на патници кои ќе го користат јавниот превоз правејќи го индивидуалнитот автомобилски превоз помалку атративен, а градскиот оддржлив. Оваа студија на граѓаните на Скопје ќе им понуди нови автобуски рути напреден систем за наплата и напреден возен ред кој ќе биде во целост во согласност со потребите за мобилност на граѓаните во различни периоди од годината за време на викендите за време на празниците но и во дневните периоди усогласени со временските пикови, соопшти Шилегов.

Дополнително информира дека студијата ќе ги вклучи двете рути на брзиот автобуски транспорт БРТ, со алтернативни сценарија со една рута и без овие рути за периодот пред неговото пуштање во употреба, како и дека реализацијата е предвидена за временски период од 12 месеци.

-Оттука убеден сум дека за помалку од две години нашите современи скопјани ќе можат целосно да ги почуствуваат придобивките од новата организација на јавниот превоз во Скопје, а со имплементација на    системот верувам дека ќе може да се пофалиме дека имаме најдобро органзиран јавен превоз во регионот, меѓутоа и пошироко во Европа, заклучи тој.

Моше Хирш, генерален менаџер на РОМ Транспортејшн,  рече дека нивната компанија во последниве 15 години комплетирала и завршила околу 80 вакви проекти ширум светот, а сега се пред нов предизвик да се докажат.

На прес-конференцијата Шилегов одговарајќи на новинарско прашање напомена дека тој како градоначалник, инфраструктурата на градот ја гледа врз основа на податоци, анализи и студии.

-По основ на тие податоци ние ќе ја правиме проценката и уредувањето на движењата на возилата, она што вие не го гледате во моментов, а што се одвива тоа е изработката на тунелот под Стара железничка станица, а ние како град некаде во текот на  средината на наредната година ќе започнеме да работиме на конектирањето на тој тунел со останатата инфраструктура. Тоа е тунел којшто ја спојува „Ивол Лола Рибар“, односно „Васил Гологанов“ со Кисела Вода. Во меѓувреме работиме на два коридора од општина Аеродром и општина Кисела Вода. Улица „Есенинова“ и ја започнуваме сега „Васко Каранѓеловски“. „Васко Карангелевски“ го спојуваме на мостот на бул. АСНОМ, а за Аеродром ги спојуваме преку „Есенинова“ до излезот од тунелите под Железничка, истакна градоначалникот Шилегов.

Воедно потсети дека градот прави стратешки развој на инфраструктурата и дека за тоа ќе биде потребен посебен брифинг со мапи, со цел подобар увид на градежната активност во градот.

-Она што имаме во општина Аеродром имаме еден излез на градот кај Железничка станица. Истиот е сличен и за граѓаните на Лисиче. Она што го работиме со мостот на булеварот АСНОМ е отворање нов коридор. Да потсетам дека во Лисиче и во Аеродром живеат околу 80-90 илјади луѓе коишто сега се движат по еден коридор којшто е паралелен, едниот завршува кај „Веро Центар“, другиот завршува кај „Тутунски“. Со пробивањето на мостот вие де факто на тие 80 илјади граѓани им овозможувате излез кон „Мавровка“, значи директно ги внесувате во средниот ринг и кога ќе го имате тој влез на возила како импакт во анализите што ги правиме за сообраќајот тогаш го регулирате движењето на возилата и во малиот и во средниот ринг. Сè друго е импровизација. Јас не сум човек што сака да импровизира, изјави Шилегов.

извор: МИА

Next Post

Мојсоски: Не е важно кој е претседател на ФФМ, важно е дека незаконски е вметната друга боја во дресот

Shortcut

Најново

 „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

May 30, 2026

Љутков: Културната дипломатија ја обликува иднината на градовите, а Скопје 2028 е можност за нова европска културна визија

May 30, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026

Источноафриканска полифонија и електроника: Спектакуларните „Zawose Queens“ на завршната вечер на ОФФест

May 30, 2026
Фото: Википедија

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk