пишува: РИБАРО
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска, 31 февруари 2042 година, на прес-конференција повторно побара заминување на актуелната Влада.
Тој посочи на низа неуспешни проекти на власта во изминатите дваесет и кусур години, почнувајќи од закаснетото приклучување на Северна Македонија во вселенската програма на Илон Маск, неуспешната трансформација на Биткоин монетарната политика и визната либерализација со Колонијата на Месечината.
Лигата на старци од историското Фејсбук здружение, реагира со потсетување на изјава од Мицкоски од 2021 година, каде уште од тогаш по трет пат во една година Мицкоски најавуваше неуспешно ново парламентарно мнозинство.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK