„’Лидл’ ќе има обврска да откупува и продава домашни земјоделски и кондиторски и секаков вид на производи кои се компетитивни за сите маркети на „ЛИДЛ“ во југоисточна Европа“ кажа премиерот Зоран Заев презентирајќи го Интервентниот план за инвестиции 2021-2027. Тој најави дека германскиот ланец на маркети ќе отвори неколку маркети и голем дистрибутивен центар во Скопје и уште во 7 други градови. „Вредноста на инвестицијата е 300 милиони евра се преговараат во моментот локациите, прво во Скопје“ објасни Заев. Инвестицијата на „Лидл“ е во Интервентниот план за инвестиции 2021-2027 кој изнесува повеќе од 8 милијарди евра и кој денес го претстави Владата. „Силно верувам дека здравствената криза одминува и дека само со работа и искрени намери и труд ќе има подобри услови и постојано подобрување на животниот стандард за сите македонски граѓани. Владата е тука да даде мотив и поддршка за економска стабилснот, за раст и развој на нашата држава, за мирен и стабилен живот на нашиот народ“ кажа премиерот Заев презентирајќи го планот.







