ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Од критичното, население над 65 години, се вакцинирале над 40 отсто

June 2, 2021 16:35
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Како што информираше Министерството за здравство, на вакциналните пунктови во државата заклучно со завчера вакцинирани се вкупно 236.878 граѓани, додека досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 433.787 граѓани.

Вакцинацијата на сите пунктови низ државата, според здравствените власти, се одвива непречено, а интересот секојдневно се зголемува. Активноста, како што тврдат нема да запре со оглед на најавите дека ќе пристигнат нови количини вакцини, а има доволно вакцини и за втора доза.

– Во државата вкупно се аплицирани 331.034 дози вакцини, а ревакцинирани се 94.156 граѓани. Со последните бројки 47 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 41 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, соопшти вчера Министерството за здравство.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера истакна дека официјалните препораки на сите производители е да не се мешаат вакцините како за првата доза истиот производител треба да биде и за втората доза.

Филипче нагласи дека имунизацијата нема да запре, посочувајќи дека завчера пристигнаа 11 700 вакцини од „Фајзер” кои се дистрибуираат, а во текот на неделава очекуваат и други вакцини од Бугарија и Грција. Месецов треба да пристигнат околу 110 илјади Фајзер вакцини преку Ковакс системот и околу 80 илјади преку нашиот директен договор.

Во телевизиско гостување Филипче кажа дека она што се очекува, според последните најави, е од вакцината „Синовак” која што вчера ја одобри Светската здравствена организација, во нашата земја да стигнат 500 илјади дози.

СЕ ПОТВРДИ ДЕКА СИТЕ ВАКЦИНИ СЕ БЕЗБЕДНИ

На прашањето дали стравува од можноста населението да не сака да се вакцинира со оваа вакцина поради фактот што последна беше признаена од СЗО, истакна дека граѓаните треба да имаат доверба.

– Исто како што сите вакцини ги аплициравме до сега, треба целта да се постигне, колективен имунитет врз основа на ефикасноста на секоја вакцина поединечно, да се измери ефективноста на целокупниот процес, е нешто што ќе ја смени сликата за епидемијата. Така што, апсолутно граѓаните треба да бидат спокојни, сите вакцини се безбедни и се доволно ефикасни, порача Филипче.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата  vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ „Борис Трајковски” во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и апелираат граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Нема заразени ниту починати меѓу оние кои примиле две дози вакцина во земјава

Според извештајот на Институтот за јавно здравје регистрирани се инфицирани со коронавирус, но и смртни случаи во периодот додека да им биде аплицирана втората доза. Досега 664 лица по првото боцкање имале позитивен ПЦР тест, но најверојатно биле заразени во моментот кога дошле на ред за имунизација, се наведува во анализата на ИЈЗ. Од нив 22-ца граѓани починале, но не од вакцината туку од компликации од вирусот, тврдат од министерството за здравство.

Нема смртни случаи како последица на примена вакцина во нашата земја. Според податоците лицата кои биле потврдени како ковид позитивни по примена вакцина, и починале за истите е констатирано дека биле во период на инкубација на вирусот кога ја примиле вакцината. Тие настани се имаат случено во рок од 14 дена, односно во период во кој вакцината не обезбедува заштита. Тие кога дошле на вакцинација немале симптоми, но го носеле вирусот во себе, велат од министертвото и додаваат дека сите вакцини кои се користат во нашата држава се ефикасни и безбедни, одобрени од СЗО.

Освен спорадични случаи на покачена температура, малаксаност и болка во рамото, досега не се пријавени посериозни компликации од вакцините информираат од министерството за здравство.

ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА ВАКЦИНИ НИЗ СВЕТОТ

Во десет држави од светот повеќе од 50 проценти од вкупното население е вакцинирано со најмалку една доза од вакцината против коронавирусот SARS-CoV-2 и поради тоа се блиску до колективен имунитет.

Во Бутан  од 763.000 жители, вакцинирани се 63%, Малта – од половина милион жители вакцинирани се 62%. Поради тоа власта прогласи дека во оваа земја е успешно развиен колективен имунитет.

Израел  од 9 милиони жители вакцинирани се 60%, Малдиви – од 530.000 жители вакцинирани се 58 %, Во Велика Британија – од 66,6 милиони жители вакцинирани се 58%. Во Монголија – од 3,2 милиони жители вакцинирани се 57%, Бахрејн – од 1,6 милиони жители вакцинирани се 55%, Канада – од 37,6 милиони вакцинирани се 55%. Во Чиле – од 18,9 милиони вакцинирани се 54%,  Унгарија – од 9,7 милиони луѓе вакцинирани се 52 проценти.

Next Post

Со преку 1,6 милијарди евра ќе се градат и реконструираат патишта низ целата земја

Shortcut

Најново

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk