ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Хотелите се пријавија, на ред се граѓаните за ваучер од 200 евра за летен одмор

June 2, 2021 16:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заврши јавниот повик за хотелите и туристичките агенции кои претстојнава сезона ќе бидат опфатени во помошта на Владата за справување со последиците од корона пандемијата преку доделување на ваучери за туризам. Право на учество имаа сите категоризирани угостителски објекти за сместување кои се лиценцирани и се во туристичките центри во земјава, како и туристичките агенции со „А“ лиценца.

Хотелиерите тријат раце, бидејќи токму во пријавените туристички капацитети ќе завршат средствата од овогодишните ваучери за туризам, кои пак сега ќе бидат во износ од двесте евра. Минатата година се искористија над 60 илјади ваучери, а околу пет милиони евра легнаа на контото на хотелиерите. Традиционално, најпосакувани домашни дестинации за летување беа Охрид и Струга, потоа Дојран и Преспа, а една четвртина од ваучерите завршија во хотелите во зимските туристички центри, како Маврово, Попова Шапка, Берово и Пелистер.

Според министерот за економија Крешник Бектеши државата ќе продолжи и оваа година да им доделува ваучери за одмор на работниците со ниски приходи, а ќе се одлучува по принципот „прв дојден – прв услужен“.

-Продолжуваме со мерката организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања по семејство не го надминуваат нето износот од 30.000 денари. Ефектите од ваучерите лани, за време на пандемијата, дадоа резултат, посебно за домашните туристички капацитети, изјави неодамна Бектеши.

Од Владата соопштија дека основна цел на оваа мерка е да  им се овозможи на лицата со ниски приходи да искористат годишен одмор во туристичките центри во земјава и во исто време да им се помогне на туристичките центри во зголемување на обемот на работа. Според податоците на Државниот завод за статистика бројот на домашните туристи во септември 2020 година, во однос на септември 2019 година, е зголемен за 33.7 %, додека бројот на странските туристи е намален за 92.3 %. Претставници од туристичката бранша се на став дека ваучерите имаа значајна улога во мотивирањето на растот кај домашните туристи, а од Стопанската комора за туризам лани ја поздравија мерката со ваучерите, но сепак забележаа дека не смеат да бидат изоставени и туристичките агенции.

Овогодишниот повик, пак, ги вклучува и угостителските објекти и туристичките агенции, а од Министерството за економија најавија дека наскоро ќе објават и јавен повик за сите лица кои сакат да добијат ваучер за туризам во вредност од 12.000 денари. Овој ваучер од двесте евра за користење на одмор им следува на сите лица со ниски приходи кои ќе аплицираат на јавниот повик, чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари, а вкупниот буџет за реализација на проектот е 15 милиони денари.

Next Post

Со планот за инвестиции на Владата, Северна Македонија ќе ги затвори јаглените електрани пред земји од ЕУ

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk