ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николовски во Санкт Петербург: Се разгледуваат можности за унапредување на трговската размена со Руската Федерација

June 3, 2021 15:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Унапредување на трговската размена, зголемување на инвестициите во повеќе области, отворање откупни центри во повеќе региони и соработка меѓу инспекциските служби за полесен извоз на македонските производи во Руската Федерација се темите за кои разговара владината делегација предводена од вицепремиерот Љупчо Николовски на Меѓународниот економски форум што се одржува во Санкт Петербург.

Од Кабинетот на вицепремиерот Николовски информираа дека тој одржал работни средби со ко-претседателот од руската страна на Меѓувладината македонско-руска комисија за трговско-екононска и научно техничка соработка Алексеј Груздев и со заменикот-министерот за земјоделство на Руската Федерација, Сергеј Левин.

На средбата со Груздев е разговарано за зголемување на соработката во областа на туризмот и за унапредување на трговската размена. На состанокот била отворена и темата за зголемување на инвестициите во различни сектори меѓу кои како најзначајни биле потенцирани инвестициите во обвновливите извори на енергија, управувањето со отпадот и пречистителните станици, како и инвестициите во производствени капацитети.

На средбата со заменик-министерот за земјоделство Левин разгледани се можностите за зацврстување и проширување на билатералната соработка во земјоделството. Двајцата соговорници ја потврдиле досегашната соработка и ја потенцирале потребата од продлабочување и зајакнување на соработката во земјоделскиот сектор преку организирање бизнис форум меѓу компании од двете земји, отворање откупни центри во повеќе региони и соработка помеѓу инспекциските служби за полесен извоз на македонски производи во Руската Федерација.

Во текот на денешниот ден, вицепремиерот Николовски ќе присуствува на панел дискусија на тема „Односите на Руската Федерација и ЕУ – одговор на предизвиците од денешницата“.

Економскиот форум во Санкт Петербург се одржува од 1997 година, а од 2006 година е под покровителство на претседателот на Руската Федерација. Во текот на последните 24 години, Форумот е водечка глобална платформа за членовите на деловната заедница да се состанат и да разговараат за клучните економски прашања со кои се соочува Русија, пазарите во развој и целиот свет. Годинашниот меѓународен економски форум се фокусира на глобалните и руските економии, социјалните теми и технолошкиот развој.

извор: МИА

Next Post

АХА! ексклузивно дознава која е убавата работа што ја најави ДУИ

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk