ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО) Николовски од Санкт Петербург: Во време на светска пандемија за 15,8% е зголемен извозот на македонски производи на рускиот пазар

June 4, 2021 14:13
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, како ко-претседател на Меѓувладината македонско-руска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка меѓу Северна Македонија и Руската Федерација, во рамки на официјалната посета на Економскиот форум во Санкт Петербург, Русија одржа работна средба со заменик-министерот за земјоделство на Русија, Сергеј Левин.

На средбата Николовски и Левин, ја потврдија досегашната успешна трговска размена. Oбемот на трговијата меѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација во 2020 година изнесуваше 190,3 милиони американски долари, што е повеќе за 6,2% во споредба со 2019 година. Во исто време, извозот на Република Северна Македонија во 2020 година достигна 60,4 милиони американски долари, што е пораст за 15,8 %. Во првите три месеци од 2021 година, извозот на македонските производи изнесува 17, 4милиони американски долари, што е пораст од 66,7%, а увозот изнесува 33,5 милиони американски долари што е намалување од 37.1% во споредба со истиот период од 2020.

„Она што е значајно е зголемувањето на извозот на македонските земјоделски производи во 2020 година во споредба со 2019 година. Имаме раст од 11% на извозот на земјоделските производи и вкупен раст на извозот на македонски производи од 15,8% и тоа е во време светска пандемија. Тоа е доказ дека треба да ги интензивираме нашите економски соработки и да го искористиме целокупниот простор којшто ни стои на располагање. Договоривме бизнис мисија на клучните руски компании во делот на земјоделството, коишто ќе дојдат во Северна Македонија годинава и ќе ги вмрежиме со македонските компании, со цел зголемување на трговската размена“, изјави вицепремиерот Николовски.

Воедно, вицепремиерот Николовски во текот на присусутвото во Санкт Петербург, имаше средба и со ко-претседателот од руската страна на Меѓувладината македонско-руска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка меѓу Северна Македонија и Руската Федерација, Алексеј Груздев. На средбата се разговараше за инвестиции во различни сектори, како во откупно-преработувачки центри, како за потенцијални инвестиции на руските компании во делот на обновливи извори на енергија и во делот на енергетиката.

„Разговаравме и за инвестиции во делот на инфраструктурата, продлабочување на соработката во областа на културата, образованието и туризмот. Продолжуваме со заеднички напори, да ја зголемиме оваа соработка и да постигнеме резултати коишто ќе бидат видливи за граѓаните на овие две земји“, изјави вицепремиерот Николовски.

Инаку, вицепремиерот Николовски, ја предводеше владината делегација на официјалната посета на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, Русија. Во состав на делегацијата од Северна Македонија учествува и извршениот директор на македонско-руската Стопанска комора, Дејан Бешлиев. Економскиот форум во Санкт Петербург е водечка глобална платформа за членовите на деловната заедница да се состанат и да разговараат за клучните економски прашања со кои се соочува Русија, пазарите во развој и целиот свет. Деловната програма на годинешниот Меѓународен економски форум, се фокусираше на глобалните и руските економии, социјалните теми и технолошкиот развој.

На маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, вицепремиерот Николовски, оствари средба со министерот за економија на Република Словенија, Здравко Почивалсек, на којашто беа потврдени заедничките заложби за продлабочување на економската соработка помеѓу двете земји.

 

 

 

Next Post

Димковски: Новите повици на МЗШВ и АФПЗРР се нова шанса за модернизирање на домашните бачила

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk