ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Што им тропа на врата на Жугиќ, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ

June 8, 2021 15:52
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Mожеби би било поправилно: Што им тропа во главите на Јелена Жугиќ, Мицкоски и врхушката од ДПМНЕ, но со оглед на констатацијата која што и самата Јелена си ја дава „На врата ни тропа пораз за локалните избори, а на парламентарните ни следува потоп“, се чини дека цел лумперај се случува во ВМРО-ДПМНЕ.

Ако се земе да се анализира скандалозната аудио снимка, која протече на Јутјуб, а каде според објавувачот, главен херој е функционерката од ВМРО-ДПМНЕ, Јелена Жугиќ, може да излезат цели томови научни трудови по историја, географија, но и по психологија и трауматологија.

ВМРО-ДПМНЕ е издишана партија. Уште колку изборни круга мицковите клукајдрвци мислат да го плашат членството со федерализација, идентитетски шашми, бегалски кампови и сл. не може со сигурност да знаеме. Но, дека нема што друго да понуди ова раководство повеќе, тоа е веќе јасно подолго време.

Мицкоски од денеска најави блокади на најфреквентните раскрсници ширум Македонија, ќе го кревал револтот, ќе качувал адреналин кај незадоволниците и повторно со истата реторика ќе брка вештерки сред бел ден, со приказните за „разнебитување“,  „предавници“, со „душмани“, сигурно ќе се најде некој/а што ќе упати клетви до трето колено, ќе има и тетовирани со Никола Груевски на градите што ќе проронат понекоја солза по „македонштината“, а најверојатно ќе слушаме и закани од типот на „Ноќта на долгите ножеви. Некои жугички сигурно ќе се пењават до изнемоштеност за некое директорско или министерско место, зашто, како вели Жугиќ во снимката: „Има место за сите, ќе дојде време. ќе немаме кого да ставиме, оти има многу функции.

И бидете сигурни дека искрена е Жугичка кога вели дека нејзе не и значи во Пробиштип кој ќе биде градоначалник. Од она што слушнавме нејзе не и значи ништо што е граѓанско и нормално. Таа е една напудрена фасада, заробена душичка во своето племенско трло и ништо повеќе од тоа.

Вели дека Албанците го окупираат Бутел, а како закана за нејзината умислена етничка супериорност ги гледа и турските инвестиции. „Инвестиција од 200 милиони евра е во прашање. Турчин!“, ги заплашува соговорниците Жугичка.

Замислете, турчин инвеститор, колку страшно звучи тоа?!

Подпросечната актерка и вмровски партиски подврзок, кукумјака по Никола Груевски, вели за сè бил во право. Ете ни ги реформираните вмровци во ликот на Жугичка, а предводени од Мицкоски. Топтан сите непроветрени ќе ги гледаме наредниве денови, како ќе малтретираат народ по улиците. Ќе блокираат улици и раскрсници од 15 до 17 часот, баш во време кога си оди радни народ дома, овие ќе мелтретираат со блокади.

Видете драги мои, немаат сега сила да молкнат административци за на протести, немаат моќ да се закануваат со губење на работни места, со затворање на дуќани, со монтирање на судски процеси… немаат ништо од тоа веќе неколку години, па единствено се надеваат дека со шашми и вештерки ќе удрат со заплашувањаа на само во нивните глави – идентитетски обезличување… се сеќавате, тоа е истата реторика препрочитана и повторена по којзнае кој пат.  Добро, можеби имаат да дадат по еден сендвич и за клукајдрвците од искубаната гарда обвиткани со анитчки колоритет, ама бадијала.

Не им поминува повеќе.

Врхушката на ВМРО-ДПМНЕ деновиве ќе се соочи со она што ѝ се случува последниве четири години – политички и партиски пораз. Идеолошки и онака одамна се заглавени и потопени таму некаде – пред два века.


Текстот е личен став на авторот. Сите права се задржани

 

Next Post

Од 1 октомври недела ќе стане неработен ден

Shortcut

Најново

Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026
Никола Спасов

Нема добар ПР за лоша политика

September 25, 2026
Раговори за иднината 12:05 (фотографија објавена на 27 август 2026, на ФБ страницата на иницијативата)

(РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

September 25, 2026
Фонд на пензиското и инвалидското осигурување - ФПИОСМ (фото: ФБ ФСПИОСМ)

Раст на пензиите за 3 отсто – законско услогласување, не покачување: Најниските пензиите ќе пораснат за околу 600 денари, највисоките околу 2.800

September 24, 2026

Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

September 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk