ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Раст од три проценти на трошоците за живот во мај годинава, споредено со лани

June 7, 2021 14:26
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Индексот на трошоците на животот во мај 2021 година, во однос на мај 2020 година, бележи зголемување од 3.0 проценти, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.9 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.

Пораст на индексите на трошоците на животот има кај свежиот зеленчук и овошје, маслото, газираните пијалоци, месото, како и течните горива, медицинските услуги, обувките и информатичката опрема, додека намалување има кај шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, гасот за домаќинствата, моторните возила, велосипедите и книгите.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во мај 2021 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.7, а индексот на цените на мало изнесува 100.6.

Пораст на индексите на трошоците на животот во мај 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 9.1 %, свежото и разладеното овошје за 4,1 осто, маслото и маснотиите за 2,1  отсто, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0,4 отсто и месото за 0,3 отсто.

Во мај, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот, е забележан и кај течните горива за домаќинствата за 12,4 проценти, парамедицинските услуги за 5,5  проценти, обувките за 3,3  проценти, информатичката опрема за обработка на податоците за 2,8 проценти, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 1,6 процент, медиумите за снимање за 0,8 процемти, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено за 0.6 %, медицинските услуги, стоматолошките услуги за 0,5 проценти, материјалите за одржување и поправки за живеалиштето, градините, растенијата и цвеќињата за 0.4 проценти, фризерските салони и центрите за разубавување за 0.3 проценти, малите алатки и останатите додатоци, фармацевтските производи, другите медицински производи, патниот патнички транспорт, накитот, часовниците и рачните часовници за 0,2 проценти.

Намалување на индексите на трошоците на животот во мај 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0,3 проценти.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај гасот за домаќинствата за 3.0  процемти, моторните возила за 1,5 проценти, велосипедите за 0,5 проценти, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 0,4 проценти, книгите за 0,3  проценти..

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Чија трева е позелена?

НАЈНОВО

Новиот Кривичен законик во Албанија ја загрозува слободата на изразување, алармираат од ЕУ и албански експерти

August 2, 2025

УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

August 2, 2025
ВИ

Ројтерс: САД и НАТО развиваат нов механизам за финансирање на трансфер на оружје за Украина

August 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Независноста се покажа потешка и попонижувачка од ропството!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишко Ралев ‘прелета’ во тимот на Орце Ѓорѓиевски за Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сончогледите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова со реакција за преминот на Ралев: „Каприциозните мегаломански очекувања не смеат да ги прегазат принципите“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk