ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери на средба со ПАБСЕК: Oваа нова димензија на взаемна соработка ќе ги унапреди уште повеќе односите во регионот и пошироко

June 10, 2021 12:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денес Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, оствари средба со Шефот на Делегацијата на Парламентарното собрание на организацијата за Црноморска економска соработка, г. Џемал Озтурк и генералниот секретар на ПАБСЕК, г. Асаф Хаџиев. На средбата беа присутни и пратеничката Лидија Тасевска која е номинирана за Шеф на Делегацијата на Собранието во ПАБСЕК и Генералната секретарка на Собранието, г-ѓа Цветанка Иванова.

Декларацијата за основање на ПАБСЕК е усвоена на 26-ти февруари 1993 година, во Истанбул од страна на претседателите на парламентите на девет земји – Албанија, Ерменија, Азербејџан, Грузија, Република Молдавија, Романија, Руската Федерација, Турција и Украина, а подоцна се приклучија и парламентите на Грција, Бугарија, Србија и Црна Гора. Република Северна Македонија стана 13-та земја-членка на БСЕК сметано од 9 ноември 2020 година а Собранието на Република Северна Македонија ќе стане членка во текот на 57-мото Генерално собрание.

На почетокот на средбата Претседателот Џафери им посака топло добредојде во Република Северна Македонија, и нагласи дека со оваа посета всушност се одбележува и почетокот на официјалната соработка помеѓу Собранието на Република Северна Македонија и Парламентарното собрание на организацијата за Црноморска економска соработка. Во тој контекст, упати желби за плодна и успешна соработка, која доаѓа во овој период на криза, што упатува на оправданоста на потребата од заедничко справување со последиците. Тој подвлече дека е поборник на парламентарната дипломатија која во рамките на сложената меѓународна ситуација, преку активно учество на парламентите во меѓусебните односи на државите дава позитивен придонес во намалувањето на тензиите, градењето на доверба и наоѓање решенија.

Шефот Делегацијата на ПАБСЕК, г. Озтурк се заблагодари на срдечниот прием, пренесе топли поздрави од пријателска Турција и упати честитки за членството на нашата земја во ПАБСЕК. Генералниот секретар на Пабсек, Г. Асаф Хаџиев, се осврна на значајноста на регионот што го покрива ПАБСЕК, како мост на транспортно и енергетско поврзување на Европа и Азија, при што ја спомна огромната важност на енергетското поврзување. Покрај тоа, Генералниот секретар Хаџиев, даде краток осврт и за структурата на ПАБСЕК, претседателството, меѓународниот секретаријат и начините како ќе може да се вклучи Собранието во тие структури. Тој не ја испушти можноста да искаже пофални зборови за нашата земја, нејзините убавини и пред сè, за исклучително пријателските граѓани на Република Северна Македонија.

На крајот на средбата, соговорниците изразија верба дека оваа нова димензија на взаемна соработка ќе ги унапреди уште повеќе односите во регионот и пошироко.

 

 

 

 

 

Next Post

Бочварски: Владата прави сериозни инвестиции во капитални проекти во општините

Shortcut

Најново

Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk