65 ултрамаратонци се тркаа на висинска разлика од над 2.000 метри, на третата по ред Скај Ранинг трка, која се одржа на Шар Планина. Почетната точка им беше Попова Шапка се до Титов Врв па повторно назад до туристичкиот центар во должина од 21 километар. Најуспешниот 21 годишниот Дејан Ангеловски од Охрид ја истрча патеката за 2 часа и 19 минути, што го собори и неговиот лански рекорд кога иста така стигна прв на целта.
-Трчам планински маратони, имам 21 години со планинско трчање се занимавам 4 години. Истрчав за 2 часа и 19 минути, а лани за 2 часа и 39 минути. Дека доаѓам од атлетиката и љубовта во природата прави да го засакам планинското трчање.
Трето издание на Скај Ранинг на Шара е национално првенство во планинско трчање на поголема надморска височина.
-Има повеќе вакви трки во Македонија, на пример Вертикал километар, има Трејл, Ултра трејл, сите трки се со различни дисциплини.На пример на Вертикал се тркаме по угорници, Трејл трките се многу долги, Скај Ранинг се одвива на висок терен. Постојат дисциплини каде во рамки на планинарската федерација на Македонија си има бодови, рејтинг на европско и светско ниво, рече Петрушевски Душко од планинарскиот клуб Македон.
Овие трки во Европа и во светот имаат за цел и развој на планинскиот летен туризам. Дисциплините во последно време и во Македонија се се повеќе популарни.
-Овие трки не се ништо ново во европа и светот и со години се одржуваат. Кај нас земаат замав последниве 5 до 10 години, ова не е трка во рамно или во парк, си има посебна органзација каде има терен каде нема пристап со возило. Ние имаме 10 лица кои спијат на Титов Врв, тоа е она што Скај ранингот го прави посебен секоја година, а имаме се повеќе интерес. Ове трки се подржани од локалната заедница во светот и ова е одлична можност за промоција на Шар Планина за развивање на планинскиот и летниот туризам, со малку подршка може овие трки многу да придонесат за развој на туризам, истакна Петрушевски Душко од планинарскиот клуб Македон.
Трката ја организираше планинарскиот клуб Македон.
Зоран Димовски