Со мачета во рацете, Сане Јованов од Чешиново- Облешево кој според објавеното на неговиот Фејсбук профил, е вработен во Центарот за управување со кризи (ЦУК), на неколку фотографии, заедно со негови пријатели, упатува смртни закани кон премиерот Зоран Заев, лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села и претседателот на Собранието, Талат Џафери. На фотографијата тој држи мачета заедно со Дејан Анакиев (до скоро вработен во Шумска полиција).
На една од фотографиите, може да се види како Јованов седи во друштво со Анакиев и неговиот брат Ване. Вработен во подрачната единица за земјоделие. На фотографијата пушува, „Комити во одбрана на Македонија, Зајко спремај се“.
На друга фотографија, Сане држи ловџиска пушка, а во коментар пишува „Поздрав до Талат и Села“.
Инаку Сане Јованов е активист на ВМРО-ДПМНЕ од Чешиново-Облешево, организатор на голем дел од протестите на земјоделците.
Исто така, Јованов на профилната фотографија, објавена на ФБ профилот, држи мртви зајaци.
И.Т.З.