Поранешниот бугарски заменик-министер за надоворешни работи и поранешен амбасадор во Лондон Љубомир Ќучуков, вели дека Бугарија поради блокадата на Северна Македонија ја изгубила цела предност на земја-членка на ЕУ, и се изолирала како во НАТО и ЕУ, така и на Балканот.
Додека премиерот Зоран Заев и нашата државна делегација посветено работат за иднината на државата, за сите граѓани, додека во тек е дипломатска офанзива за деблокада на провесот на интеграција во ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски уште подлабоко тонат во деструктивната матрица. Откако доживеаја тотално фијаско на протестите и блокадите, сета нервоза и агресија ја канализираат во нови опструкции и блокади.
Николовски, денеска имаше средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Брнз. На средбата, фокусот беше ставен на Извршната наредба издадена од Претседателот Бајден, со која им се дава овластување на сојузните власти да блокираат имот и да им забранат влез на сите лица за кои администрацијата во Вашингтон ќе оцени дека работат на дестабилизација и против клучните договори во регионот на Западниот Балкан, вклучително и Северна Македонија.
„Гледам едно големо ЗА наспроти едно мало ПРОТИВ“, рече Националниот координатор за стратегиски комуникации Марјан Забрчанец на дебатата на ЦИВИЛ со „сообраќаен“ наслов – „Автопатот со факти, одговорност и решителност наспроти беспаќето на опасните дезинформации“. Ова е нов пристап, ексклузивно промовиран на јавниот настан на ЦИВИЛ (ами каде?) и веројатно ќе биде окосница на тоа што ќе се случува во јавните комуникации во претстојниот период, пишува ЏАБИР ДЕРАЛА.
На анкета на ИРИ којашто денеска беше презентирана, СДСМ со 19% води пред ВМРО-ДПМНЕ со 16% за локалните избори. СДСМ води пред ВМРО ДПМНЕ во Скопје со значителна разлика од 21% наспроти 16%. СДСМ води и во другите градови, во некои и повеќе од двојно па дури и тројно. Таков е примерот со Куманово. Во Куманово, СДСМ води 28% наспроти само 7% од ВМРО-ДПМНЕ. Или во Штип, СДСМ има 34% а ВМРО-ДПМНЕ само 15% рејтинг меѓу штипјани.
Министерот за здравство Венко Филипче вели дека одлуката на Европската Унија за олеснување на патувањата на нашите државјани доаѓа по стабилизацијата на состојбата со вирусот во државата. Но, тој предупредува дека пандемијата сè уште не е завршена и оти треба да се придржуваме кон мерките за заштита.
М. Миткоска






