Направивме се, имаше интензивна дипломатска активност, но немаше расположение во Бугарија за кревање на рампата. Ние направивме апсолутно се и тоа го признаваат и земјите членки дека на подадената пријателска рака не беше возвратено. Не треба да се откажуваме од желбата оваа година да ги почнеме преговорите“ рече секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и министер за правда, Бојан Маричиќ во емисијата „24 анализа“ на ТВ24.
Интензивно работиме на транзиција во енергетскиот сектор. Веќе се започнати неколку поголеми проекти во изградба на капацитети од обновливи извори на енергија, а во наредниот период ќе го засилиме инвестицискиот циклус во зелена енергија. Нашата цел е до крајот на 2030 година 40 отсто од бруто финалната потрошувачка на енергија во земјата да биде 40 отсто од обновливи извори,
Причината за реакцијата на Бугарија е предлогот на ЕУ целото европско законодавство да се преведе на македонски јазик. Тоа беше нашата битка, интерес на Северна Македонија и наша победа во т ој момент. Тоа беше причина Бугарија да ја издаде декларацијата во Собранието
Владата на Република Северна Македонија на денешната 82 седница го утврди текстот на Предлог-законот за изменување на законот за животна средина, со кој се предвидува зголемување на еколошката такса.
Сметам дека за сите прашања може да се најде решение доколку сме креативни и ги почитуваме идентитетот и достоинството на двата народа. Можам да ви кажам дека прашањето на посебноста на македонскиот јаизк и посебноста на македонскиот идентитет во ниту еден момент не биле предмет на преговори, ниту ќе бидат







