ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

Јорданов со иноваторски текстил за војнички униформи, што ќе детектира дневни гасови со промена на самата боја

June 25, 2021 12:16
in TECH FRONT, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Во НАТО можеме да придонесуваме и како иноватори и како луѓе од науката и да покажеме дека државата има што да понуди и на овој план, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска, по средбата со професорот од Технолошко-металуршкиот факултет од Скопје Игор Јорданов за проектот за иновативен високо-технолошки текстилен материјал за војничка униформа, наменет за припадниците на Армијата и за земјите-членки на Алијансата, поддржан од Програмата на НАТО – „Наука за мир и безбедност“.

Јорданов доби проект од НАТО што практично ќе значи револуција во квалитетот на војничката униформа, а се состои во креирање текстилен материјал за војничка униформа, која нема само да штити од температури и други надворешни влијанија, туку ќе биде и детектор за предупредување од опасности, како што е присуство на нервен гас. Од исклучителна важност за нас е што оваа технологија е наменета за нашите придпаници, а секако и за припадниците на армиите на земјите – членки на НАТО.

Шекеринска изрази задоволство што после еден подолг период, како што рече, денеска покажуваме дека нашата земја не е само воена сила која што може да придонесува во НАТО-Алијансата, туку во Алијансата можеме да придонесеме и како иноватори.

–  Во успехот на професорот Јорданов и целиот негов тим да кажам дека ова го сметаме и како повик до сите истражувачи, до сите научници да ја пробаат шансата која што ја дава НАТО програмата Наука за мир, програма која што и претходно беше отворена за нас, но сега како земја членка можеме да бидеме дури и предводник на ваквите тимови, рече Шекеринска.

Таа ја повика академска заедница да бидат поангажирани и да знаат дека ќе ја добијат секогаш поддршката на државата, на Владата и на МО.

– Нашите планови за 2022 година се уште поамбициозни. Би сакале и во буџетите за одбрана да обезбедиме еден дел од средства коишто ќе ги намениме за поддршка на домашните научници и домашната наука, а се со цел и ние да го следиме чекорот на НАТО кој се повеќе се врти кон иновации кои се важни во одбраната и коишто ќе значат дека Алијансата и ние како нејзина членка нема да го изгубиме чекорот со технолошкиот развој кој ја дефинира и нашата безбедност. Така што сакам да честитам навистина на професорот, а воедно и да ги поддржиме нашите научници, нагласи министерката Шекеринска.

Професорот Јорданов појасни дека овој проект има за цел да развие повеќе функционална униформа што ќе биде огноотпорна, ќе штити од микроорганизми и од УВ-зрачење и што е најбитно ќе детектира дневни гасови со промена на самата боја. Тој информира дека е предвидено според НАТО програмата двајца млади истражувачи од нашата држава, двајца од Србија и двајца од САД да бидат вклучени.

– Значи, НАТО ги финансира младите истражувачи да бидат дел од истражувачкиот тим. Тоа е еден од главните услови и освен нашите научници што ќе одат во САД и во Србија и останатите млади истражувачи ќе дојдат кај нас за да бидат обучувани за одреден дел од проектот, изјави професорот Јорданов.

извор: МИА

Next Post

Започна изградба на водоводна мрежа за Камењане, Општина Боговиње

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk