Попладнево пристигнаа 100.620 дози вакцини Фајзер, што ги купивме преку КОВАКС механизмот, објави министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска учествуваше на настанот по повод отворањето на првиот младински центар во државата согласно Законот за младинско учество и младински политики во Општина Куманово.
Меѓународната финансиска корпорација – ИФЦ ги поддржува заложбите на Народната банка во доменот на т.н. зелени финансии, било порачано на работната средба на Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска со Ари Наим, регионалниот раководител за Централна и Југоисточна Европа на оваа корпорација – членка на Групацијата на Светската банка, на која, меѓу другото, се разговарало и за макроекономската состојба и за состојбата во финансискиот систем.
Напорна работа во престојниот период со цел брзо надминување на моменталната блокада, откако Северна Македонија и Албанија не добија зелено светло за почеток на преговорите на јунскиот самит на Европската Унија, ветија министрите за надворешни работи на Германија, Португалија и Словенија, Хајко Мас, Аугусто Сантос Силва и Анже Логар.
Меѓународната организација за човекови права, Civil Right Defenders спроведе истражување на јавното мислење, во пресрет на втората „Парада на гордоста“ во Скопје, што покажува дека мнозинството граѓани на Северна Македонија го поддржува правото на ЛГБТИ+ лицата да одржат мирен Марш на гордоста.