За бугарската академија таквиот документ е неприфатлив и неточен, а македонскиот е бугарски јазик напишан на српска машина.
– И бугарски пратеници аплаудираа кога на македонски јазик се обратив во Европскиот парламент – рече премиерот Зоран Заев денеска во изјава за медиумите на акцијата за чистење.
Македонија не испрати протестна нота до Бугарија во врска со реакцијата на Бугарската академија на науките (БАН) со кој се негира македонскиот јазик, затоа што, како што појасни пред некој ден самиот премиер, тој лично ќе се сретне и ќе разговара со бугарскиот премиер Бојко Борисов околу прашањето за македонскиот јазик.
Б. Б.