ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Народна банка го објави конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи за 2022

June 30, 2021 13:00
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Народна банка го објави конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2022 година. Наградата се доделува заради поттикнување на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи, како и афирмација на млади и стручни кадри.

Право за учество на Конкурсот имаат државјаните на Република Северна Македнонија на возраст до 35 години. Вработените во Народната банка и членовите на Советот на Народната банка немаат право на учество на Конкурсот.

Како што соопшти Народната банка, трудот треба задолжително да содржи и осврт кон македонската економија на соодветната тема. Не смее да надминува 80.000 карактери со празните места (без фуснотите, прилозите, графиконите, табелите, апстрактот, библиографијата, анексите) и препорачливо е да има стандардна структура на научно истражување. Треба да се содржат следниве делови: апстракт, како и назначување на областа на истражување според стандардната класификација (Journal of Economic Literature – JEL), осврт на консултираната литература од областа којашто се истражува,   опис на методите на истражување коишто се користат во трудот, анализа, заклучни согледувања и библиографија.

Авторите имаат право да конкурираат на Конкурсот за избор на најдобар труд и со труд коишто веќе бил објавен, но не пред 1 јануари 2020 година. При поднесувањето труд којшто веќе бил објавен, авторот треба да наведе кога и каде бил објавен трудот.

Краен рок за доставување на трудовите е 1 февруари 2022 година. Трудовите се поднесуваат до Народната банка со назнака: „За Годишната награда на Народната банка на Република Северна Македонија“, по електронски пат, во формат „word“, на е-адресата: konkurs@nbrm.mk. Покрај трудот, авторот треба да достави и биографски податоци. Доставените трудови ќе имаат третман на материјали со доверлив карактер. Еден автор има право да поднесе само еден труд. Трудовите се поднесуваат на македонски, албански или на англиски јазик.

Изборот на најдобар труд го врши Одборот за оценување, кој се состои од тројца членови, од кои најмалку еден е лице кое не е вработено во Народната банка. Гувернерот на Народната банка ги назначува претседателот и членовите на Одборот за оценување, со решение коешто ќе се објави на интернет-страницата на Народната банка. Одборот за оценување го врши изборот на најдобар труд анонимно, без притоа да поседува информации за имињата на авторите и нивните биографии.

Од Народна банка посочуваат дека кај трудовите ќе се вреднуваат релевантност на истражуваното подрачје за македонскиот случај, соодветност на освртот на литературата од анализираното подрачје, јасност во дефинирањето на проблемот и на целите на истражувањето, соодветност на описот на контекстот и информациите (соодветност на анализата на трендовите во анализираното подрачје во Република Северна Македонија), соодветност на користениот статистичко-економетриски пристап, конзистентност и логичност на тезите во трудот, заклучоци и препораки и нивната соодветност.

Годишната наградатае во парична форма, којашто за првонаградениот труд изнесува 100.000 денари, додека втората награда изнесува 50.000 денари.

Конкурсот е објавен на веб-страницата на Народната банка.

извор: МИА

Next Post

Стотици заразени од вирусот „хомосексуализам“ после Парадата на гордоста

НАЈНОВО

Фото: „Или-Или“

„Ноември“ – дебитантска стихозбирка на Игор Анѓелков

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Синер го објасни пропуштањето на Дејвис купот: Ми треба време да закрепнам од притисокот

November 5, 2025

Флик сака да ја напушти Барселона?

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk