ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Палмер: Разочарани сме што Скопје и Тирана не ги почнаа преговорите, ЕУ мора да си ги исполни ветувањата

July 1, 2021 11:04
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Разочарани сме што прашањето за отворање на првите меѓувладини конференции за Северна Македонија и Албанија не беше решено и покрај силното застапување и разумните решенија на португалското претседателство и на силните европски партнери, изјави денеска во Охрид заменик-помошникот државен секретар на САД за европски прашања Метју Палмер на панелот „На патот до подобро поврзан и интегриран регион – Кој е ризикот? Како да стигнеме таму?“, во рамки на првата Меѓународна конференција на Преспа форумот за дијалог.

Палмер подвлече дека тоа влијае и на вложувањата на САД и ЕУ во регионот, а придонесува и за зголемување на скептицизмот и во самиот регион.

– Нашите геополитички конкуренти агресивно се обидуваат да го нарушат кредибилитетот меѓу САД и ЕУ, а и самиот регион се сомнева во интегритетот на нашата колективна определба, истакна Палмер.

Палмер ја подлече важноста на историскиот Договор од Преспа на Северна Македонија со Грција и Договорот за добрососедски односи со Бугарија, за коишто посочи дека се примери за поголем регионален ангажман на С Македонија во корист на нејзините граѓаните.

-Владата на Северна Македонија е фокусирана на спроведување на потребните политички и економските реформи дома, за привлекување квалитетни инвестиции и за активна и продуктивна улога на регионалните и економски иницијативи. Владата е го искористи своето силно партнерство со Грција за да обезбеди сопствена енергетска безбедност и сега сме на прагот да направиме многу повеќе отколку досега, рече Палмер.

Тој се осврна за улогата на САД во регионот, истакнувајќи дека долгогодишна визија на САД во регионот била и ќе остане фокусирана на регион во мир со себе и со соседите, регионот којшто е стабилен, проспетитетен и интегриран во евроатлатнската рамка.

-Она што ми дава надеж е дека ова не е само визијата на САД за Западен Балкан, туку и речиси да не се разликува со она што го сакаат и нашите европски сојузници и партнери. Сепак, уште поважно е што ова е исто така визија што е силно изразена и од самите земји на Западен Балкан. Оваа заедничка визија е наша колективна сила и треба да послужи какоп наш водич додека ги удвојуваме напорите за приближување на Западен Балкан кон Европската Унија, рече Палмер.

Тој додаде дека не смее да се заборави или да се ризикува оваа цел и да не се успее во заедничкиот напор да се комплетира цела Европа, како дел од силното трансатлантско семејство.

-Сепак, и покрај нашата заедничка визија колку што можат да бидат важни нашите индивидуални улоги, треба да се предизвикаме себеси да го направиме Западен Балкан многу повеќе како двигател, отколку како предмет на трансатлантска соработка, како таму да имаме подобра поврзаност со оглед на познатите блокади на патиштата, рече Палмер.

Посочи дека лидерите во регионот мора да ја преземат цврстата способност за нивната европска иднина и оти САД веруваат дека напорите за регионот кон воспоставување на заеднички регионален пазар се нормални чекори на патот кон членството во ЕУ, додавајќи дека регионалната соработка и економска интеграција се од витално значење меѓу државите.

Осврнувајќи се на економските реформи, тој посочи дека регионот мора да го реформира енергетскиот сектор, што ќе донесе не само економски придобивки туку ќе ја зајакне и регионалната економска безбедност, со оглед на тоа дека  регионот губи значителен број висококвалификувани работници.

-Покрај економијата граѓаните од регионот се најмногу загрижени за корупцијата. Спротивставувањето на корупцијата е основа за зачувување и зајакнување на демократијата. Кога политичките лидери крадат од граѓаните на нивната земја, и го нарушуваат владеењето на правото и независното судство, економскиот раст се забавува, нееднаквоста се шири, како и правичниот пристап до услугите. Според тоа, реформите не треба да бидат дизајнирани само за заживување на економијата по Ковид. Исто така мора да бидат во насока на зајакнување на демократските институции за да ги направат понезависни и потранспарентни, порача Палмер.

Тој ја повтори неодамнешната изјава на германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, заклучувајќи дека ЕУ мора да застане зад своите обврски кон регионот.

-Ова вклучува унапредување на пристапниот развој на Северна Македонија и Албанија и овозможување визна либерализација на Косово, заклучи заменик-помошникот државен секретар на САД за европски прашања Палмер.

Меѓународната конференција „Западен Балкан: делот што недостига за Европа да биде целосна” се одржува денеска и утре во Охрид и Отешево со учество на околу 300 учесници, високи домашни претставници, но и високи претставници на Европа и САД, меѓу кои премиери, претседатели, министри, генерални секретари на меѓународни организации, европратеници, претставници на граѓанскиот сектор. За настанот се акредитирани над 100 домашни и странски новинари.

Учесниците на Конференцијата ќе се осврнат и на трансатлантските врски, кои ќе бидат тема на дискусија и обработка на панелот на високо ниво на вториот ден од Конференцијата, каде ќе се разговара за враќањето на синергијата меѓу ЕУ и САД во однос на Западниот Балкан.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Царовска: Младите преку градење пријателства го придвижуваат Западен Балкан кон европското семејство

НАЈНОВО

Скриншот

По нападот во Доха, Израел најавува дека ќе ги таргетира лидерите на Хамас секаде во светот

September 10, 2025

Прва реакција на НАТО членка: Полска собори руски дронови за време на масовен напад врз Украина, додека Путин „го тестира Западот“

September 10, 2025

Марк Руте до Путин по инцидентот во Полска: „НАТО е подготвен да ја брани секоја педа територија“

September 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • EXIT ќе го носел. А бе оди прај си Ѓурѓовден на Три Круши

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мижи Митро, толумби паѓат и Орце ќе го донесе EXIT во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хрватската легенда Дарко Рундек го снима најновиот видео спот во Скопје под режија на Ѓорѓе Јовановиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: „2 Бона“, Елена Ристеска и Вера Јанковиќ , македонска музика и добра забава во сабота во Паркот на Франкофонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk