ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Рускоска: Обвинетите за „Организирање на 27 април” знаеле точно што прават, фрлиле се на една карта

July 1, 2021 13:33
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Обвинетиот Трајко Велјаноски, не само што со своето однесување како претседавач на Собранието, директно придонел за насилството што се случи на 27 април 2017 година, туку и го оправдува, рече обвинителката Вилма Рускоска во завршните зборови на рочиштето за “Организаторите на 27 април“. Таа прочита порака од Велјановски, пратена до пратеникот Илија Димовски, со содржина „гледајте, ако стварно го бират Талат во 17 одма десетина пратеници пред кабинет кај мене за да го бранат кабинетот. Пола пред кабинет, пола во сала”.

На ова прашање обвинителката Рускоска, коментираше од кого тоа пратеници требало да го бранат неговиот кабинет, односно во друга порака на Велјановски до Димовски, се вели „ќе има шатори”.

– Како знае обвинетиот Велјаноски дека ќе има шатори во 18:32 часот (27 април 2017), ако знаеме дека вратите се отвораат и народот влегува во Собранието нешто пред 18:50. Ама знаел затоа што имал интензива комуникација со обвинетиот Спиро Ристовски. Дека обвинетиот Велјаноски бил во тек и го знаел целото сценарио да се спречи мирно примопредавање на власта произлегува од порака која му ја испраќа на Никола Тодоров – „народ нека се собере”. На ова се надоврзува и порака до Илија Димовски „влегува народот”, рече Рускоска и постави прашање што направи Велјанвски, дали побара евакуација на колегите, пратениците и вработените во Собранието.

– Единствено што побара е да се чува неговиот кабинет и да не се дозволи никој да не седне во неговото место, рече Рускоска, при што прочита порака на Велјаноски, испратена до неговото обезбедување Горан Ѓошевски (осуден за настани за крвавиот четврток), каде го упатува како да постапува и да не дозволи некој да седне во неговото место.

Застапникот на обвинението при своите завршни зборови за овој случај направи паралела на настаните од 6 јануари 2021 во Конгресот на САД, односно таа истакна дека пред влегувањето на масата во Конгресот сите вработени и конгресмени беа евакуирани.

– За разлика од тогашниот претседавач, сега обвинет Трајко Велјаноски, чија единствена грижа беше неговиот кабинет и неговото столче, изјави Рускоска.

Во завршните зборови исто така се спомнаа и дејствијата на обвинетиот Владимир Атансовски, кој неговиот шеф на обезбедување го пратил во Собранието за да ги земе хард дисковите од мониторинг собата и да се прикријат трагите од стореното кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредокт”. Според Рускоска, обвинетите знаеле точно што прават и фрлиле се на една карта со единствена цел да се спречи формирање на влада од веќе обезбеденото парламентарно мнозинство.

Шефот на Основното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, своите завршни зборови против обвинетите во случајот „Организатори на 27 април” ги заокружи со читање на дел од колумната на новинарот Ерол Ризаов, каде меѓу другото се вели дека „ваквите патриотски одбрани на народот да не се даде власта и покрај законски спроведени избори се секогаш поттикнати и организирани од највисокиот државен врв со регрутација на насилници и уличари..”.

Следното рочиште за овој случај е закажено за 6 јули кога е предвидено одбраната да почне со своие завршни зборови.

извор: МИА

Next Post

Завршен збор на Рускоска за „Организатори на 27 април”: Вељановски - Мораме да удриме јако, Ќотек за комуњарите во Прилеп

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk