По завршната онлајн фаза, „MESA Summer Jam“ денеска организира финале со физичко присуство во просториите на Infomedia Studio во Кисела Вода, во кое учесниците ќе се натпреваруваат во две видео игри – „Counter Strike: Global Offensive“ и „FIFA21“.
– По подолга пауза предизвикана од Ковид-19 пандемијата, гејминг настаните почнуваат делумно да се нормализираат со цел натпреварувањата да се одвиваат со физичко присуство, велат организаторите на настанот.
Покрај можноста за гледање на овие натпревари во живо, борбата помеѓу играчите ќе се пренесува ѝ на најголемата интернет платформа за стриминг Твич на следниот линк.