Министерката Царовска присуствуваше на одбележувањето на 75 години од Првата конференција на Антифашистичкиот фронт на жените во Македонија.
„Учеството на жените во Народноослободителната борба ја смени и улогата на жената во македонското општество.
Во чест на овие храбри жени одбележавме седумдесет и пет години од Првата конференција на Антифашистичкиот фронт на жените во Македонија. Во нивна чест ја продолжуваме борбата за подобра држава и вистински еднакво општество“, пишува министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.