ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Засега нема најава, но за евентуални рестрикции на границите ќе се разговара неделава на состанок на Комисијата за заразни болести

July 9, 2021 09:08
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На состанокот на Комисијата за заразни болести што треба да се одржи оваа недела ќе се разговара за евентуални препораки во однос на критериумите за влез на границите, но засега нема најава за рестриктивни мерки на границите.

Во моментов, здравствените експерти чекаат да излезат публикации со информациите кои им требаат во врска со тежината на клиничката слика, односно да се види како се однесува делта сојот на коронавирусот кај луѓе кои се или не се вакцинирани.

Акцентот, засега, како што вчера информира министерот за здравство Венко Филипче е ставен на вакцинацијата. Повторно апелираше што поголем број граѓани да се вакцинираат поради тоа што, како што рече, после оваа мутација може да дојде некоја друга.

Филипче смета дека треба да се препорачаат мерки кои ќе бидат ефикасни, но во моментов оцени дека ситуацијата е мирна и нема голем број прегледи по болниците за пациенти суспектни на Ковид-19.

Согласно вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, од направени 2.518 тестирања беа регистрирани 19 нови случаи на Ковид-19, а со тоа бројот на активни случаи засега е 156. Најголемиот број од новите случаи се регистрирани во Тетово – 11 и Скопје – осум. Починати пациенти не беа регистрирани во претходното деноноќие.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.760, бројот на оздравени пациенти е 150.118, на починати е 5.486.

Во однос на вакцинацијата на децата против Ковид-19, Филипче вчера истакна дека кај нас нема да биде задолжителна. Тој завчера изјави дека ќе се дозволи вакцинирање на деца од 12 до 16 години со вакцината на „Фајзер“, што во овој момент е единствена вакцина која е дозволена да се користи согласно препораките во внатрешното упатство за оваа категорија на деца на оваа возраст и додаде дека досега нема нус појави кај вакцинирани деца.

Бројот на вакцинирани во земјава надмина 400 илјади, а вакцинацијата, Министерството за здравство оценува дека се одвива непречено. На вакциналните пунктови во државата заклучно со завчера се вакцинирани 400.235 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 640.886 дози вакцини, а ревакцинирани се 240.651 граѓани. Бројот на лица кои досега изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 494.389 граѓани.

Тим од здравствени работници вчера во штипскиот Затвор имунизираа 85 осуденици, кои пројавиле интерес да се вакцинираат против Ковид-19. Се прави планот и за посета на сите штипски и карбински села, со цел да им се излезе во пресрет на повозрасното население, кое сака да се имунизира. Во текот на денешниот ден ќе го објават планот, за жителите од руралните средини да знаат кога екипата ќе пристигне во нивното село и каде ќе се аплицираат вакцините.

Вакциналниот пункт во салата „Јордан Мијалков“ ќе биде отворен до крајот на месецов, каде што граѓаните кои ја примиле првата доза и ќе бидат ревакцинирани, а од понеделник се отвора и пунктот во Здравствениот дом „Панче Караѓозов“, каде што граѓаните ќе ја примаат првата доза на вакцина.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Шахпаска – Циглер Краљ: Словенија е голем поддржувач на евроинтегративниот процес на Северна Македонија

НАЈНОВО

Медицинска сестра сведочеше како се давале терапии додека Васев бил директор на Онкологија

September 16, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Убиената велешанка повеќепати го пријавувала поранешниот партнер за насилство, бил условно осуден на 9 септември

September 16, 2025

Мицкоски смета дека единствено Левица и фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО ВЕСТ) „Хибридни напади“ покрај контејнерите во Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk