ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи и Петров со израелскиот министер Форер: Примената на модерни технологии носи поголема продуктивност и конкурентност

July 13, 2021 08:59
in TECH FRONT, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот Фатмир Битиќи и директорот на  Фондот за иновации и технолошки развој Коста Петров, во рамките на работната посета на Израел, остварија средба со министерот за земјоделство и рурален развој, Одед Форер, со кого разговараа за продлабочување на економската соработка помеѓу двете земји.

Вицепремиерот Битиќи го честиташе формирањето на новата Влада на Израел и му посака многу успех на министерот Форер на новата позиција, пришто нагласи дека се надева дека ќе се продлабочува економската соработка помеѓу двете земји.

Тој истакна дека постои голем потенцијал за зголемување на меѓусебната трговска размена во повеќе сектори и притоа изрази очекување за помош од Израел во пренесување на искутва и знаења за примена на современи и модерни технологии за развој на земјоделството, кое беше истакнато како еден од секторите во кои може да се интензивира соработката.

Вицепремиерот Битиќи, министерот Форер и директорот Петров, на состанокот се согласија дека примената на новите технологии во земјоделството, но и во останатите сектори, може да донесат повисока продуктивност, конкурентност и создавање на додадена вредност, што би можело да биде импулс за зголемување на меѓусебната размена.

Вицепремиерот Битиќи и директорот Петров, за време на првиот ден од работната посета на Израел, остварија посета и на Азриели инжинерскиот колеџ (Azrieli College of Engineering) во Ерусалим, како и на Атобе Акцелераторот (AtoBe Accelerator) – кој е формиран во рамките на Универзитетот и важи за еден од најдобрите центри за истражување и развој во земјата. За време на средбите со претставниците на универзитетот Азриели и бизнис акцелераторот Атобе, вицепремиерот и директорот се информираа за активностите кои се спроведуваат во овие институции и разменија искуства за креирање на можности за поддршка на старт-ап компаниите и унапредување на бизнис климата за стимулирање на иновации.

Next Post

Теренската вакцинација продолжува, засега без нови рестрикции и ковид мерки

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk