ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Поставени првите вендинг машини за амбалажен отпад, граѓаните ќе добиваат „зелени поени“ за купување производи и плаќање општински и јавни услуги

July 15, 2021 12:48
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Од денеска граѓаните на Скопје ќе можат да го одложуваат амбалажниот отпад во новите вендинг машините, а за возврат ќе добиваат „зелени поени“ за купување производи од Веро, како и за плаќање на општински и јавни услуги. Имено, денеска во трговскиот центар Веро Џамбо беше презентирана првата повратна вендинг машина ПВМ на „Пакомак“, која ќе биде поставена на територијата на Град Скопје. Главната цел на овие вендинг машини е зголемување на можноста за селективно одложување на отпадот, посебно во урбаните средини.

Овие машини како што објасни директорот на „Пакомак“ Филип Ивановски со помош на информацискиот капацитет кој го поседуваат ќе им се овозможи на корисниците преку мобилна апликација за секое фрлено пластично шише или лименка да добиваат „зелени поени“ кои понатаму ќе може да се користат како ваучери.

-Нашата машина се разликува по другите концепти во европските држави со тоа што граѓаните кога ќе уфрлат пластично шише или лименка добиваат на својот мобилен телефон „зелени поени“ кои имаат одредена финансиска вредност и кои може да ги конвертираат во ваучери со кои ќе можат да пазарат за почеток во Веро маркетите, а понатаму и во други маркети локални низ земјата, но и да можат да плаќаат јавни услуги во општините каде што живеат, истакна Ивановски.

Додаде дека очекуваат во следните години да се вратат кај граѓаните повеќе од сто илјади евра на годишно ниво, како и дека во наредните три до четири години ќе бидат поставени околу 400 вакви машини.

-Граѓаните ќе ја добиваат реалната вредност на материјалот кој го селектираат, значи пазарната вредност, ако расте цената на тие суровини како што е пластиката и лименката секако дека и поенот ќе биде повисок, рече Ивановски.

Покрај претставници на Пакомак на настанот беа присутни и министерот за животна средина Насер Нуредини, деканот на ФЕИТ Димитар Ташковски, амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер, како и австрискиот амбасадор д-р Георг Вуцас.

Министерот Нуредини истакна дека вендинг машините се лесен начин на којшто граѓаните ќе можат да го селектираат отпадот и да го одлагаат на соодветно место, каде ќе биде рециклиран, а со тоа ќе се намали и отпадот што завршува на депониите.

– Производителите, колективните постапувачи, супермаркетите, граѓаните сите имаат своја улога во системот за добро управување со отпадот. Ова е само еден од начините на кој предвидуваме дека секој граѓанин ќе може лесно да селектира отпад. Секако дека работиме на обврските на локалната самоуправа и колективните постапувачи за вложување на селекција пред нашиот дом, вели тој.

Во своето обраќање, министерот посочи дека со ваквите вендинг машини, што се тренд во светот граѓаните лесно ќе можат да рециклираат и истовремено да добијат финансиски поттик за одговорното однесување. Тој додаде дека задоволството е уште поголемо бидејќи вендинг машината е македонски производ направен според потребите на локалното население.

– Кога зборуваме за рециклирање зборуваме за агендата за борба против климатските промени, што влијаат на сите нас, а ние со нашето однесување имаме одговорност да се бориме против климатските промени, вели амбасадорката на Швајцарија.

Таа истакна дека еден од клучните приоритети на Швајцарија во новата програма за соработка со Северна Македонија за 2021/2024 година е токму борбата против климатските промени, што исто така подразбира ефикасно управување со отпадот.

– Уште минатата година во дискусија со колегите и партнерите од ПАКОМАК ја увидовме користа од креирање на една ваква машина за рециклирање, одлично е што денеска имаме и подобар прототип, подобар модел од оној којшто беше изработен пред неколку месеци, истакна амбасадорката.

За крај изрази надеж дека вакви вендинг машини ќе бидат поставени во што поголем број низ целата земја.

Повратните вендинг машини беа развиени од страна на Пакомак, во соработка со ФЕИТ и Фондот за иновации и со поддршка од Швајцарската Амбасада.

извор: МИА

Next Post

Шахпаска : Јосифово добива целосно нова градинка која ќе згрижи 57 деца, градежните активности се одвиваат со забрзана динамика

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

November 5, 2025
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува да го игра бугарското сценарио и да ја понижува сопствената држава

November 5, 2025
Скриншот

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk