ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски од Пустец: Продолжуваме со интензивна поддршка за унапредување на квалитетот на животот на Македонците во Мала Преспа

July 16, 2021 13:46
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата ќе продолжи со интенизвна поддршка во насока на континуирано унапредување на квалитетот на животот на Македонците во Мала Преспа, најави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, која заедно со амбасадорот на земјава во Тирана, Данчо Марковски престојуваше во посета на Општина Пустец во Албанија.

Министерот Спасовски и амбасадорот Марковски, заедно со нивоите домаќини Васил Стерјоски, пратеник во албанскиот Парламент од партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и градоначалникот на Пустец, Пали Колефски, ја посетија градинката во склоп на заедничкото основно и средно училиште „Митре Колефски и Трајан Ѓоргијовски“, каде беше предадена донацијата од играчки, реквизити и подароци за најмалите жители на Општината.

Како што соопшти МВР, оваа донација наменета за најмладите, со заложба на министерот Спасовски, е обезбедена преку генералниот директор на општествено-одговорната компанија „Витаминка“ од Прилеп, Сашо Наумовски.

Минатата година обновата на училиштето, која опфаќаше реновирање на училниците и инфраструктурно уредување на училишниот двор и дворот на градинката, беше завршена благодарение на личниот ангажман на премиерите на Република Северна Македонија, Зоран Заев и на Република Албанија, Еди Рама. Со денешната донација, пак, целосно е заокружен овој проект кој е од големо значење за општина Пустец, се наведува во соопштението од МВР.

По предавањето на донацијата, министерот Спасовски одржа работна средба со градоначалникот Колефски, пратеникот Стерјовски и членови на Македонска алијанса за европска интеграција.

На средбата уште една е потврдена поддршката од министерот Спасовски и генерално од Владата за понатамошно унапредување на животот на Македонците кои живеат во Албанија

На средбата разговаравме за можностите за реализација на нови инфраструктурни и комунални проекти од интерес на граѓаните на Пустец. Мојата комплетна поддршка, поддршката на целата Влада во насока на континуирано унапредување на квалитетот на животот на Македонците во Пустец продолжува. За таа цел, за дваесеттина дена планирано е да биде пуштен со работа и Граничниот премин Џепиште – Требиште, и тоа со 24-часовно работно време. Реализацијата на ова прашање на кое со години укажуваа жителите од Голо Брдо ќе биде од исклучително значење како од економски, така и од културен и политички аспект, потенцира Спасовски.

Претставниците од заедницата на Македонците во Албанија и градоначалникот Пали Колефски на работната средба изразија задоволство од отвореноста за соработка со Владата во изминатите неколку години, што се одвива во континуитет, а каква што во минатото немале со ниедна претходна влада, се додава во соопштението.

извор: МИА
Next Post

Царовска: Предлог-законот за учебници е повторно отворен за сугестии, дебати ќе има во септември

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk