Вакцина заклучно со вчера примиле вкупно 453 773 граѓани, а со двете дози досега се имунизирани 272 129, соопшти Министерството за здрвство, кое информира дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.
Министерството за образование и наука упатува апел до сите корисници на некоја од категориите на стипендии за средношколци и за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на високообразовните установи во земјата, доколку ги исполнуваат условите за продолжување на правото на стипендија.
Државната изборна комисија (ДИК) ја избра германската компанија Дермалог на тендерот за набавка на техничката опрема за спроведување на локалните избори со отпечаток од прст. Претседателот на Комисијата, Александар Даштевски денеска на прес-конференција соопшти дека таа компанија имала најдобра понуда, ги исполнила условите и дека имала најдобри апарати.
Во демократска држава како Северна Македонија, правото на секој граѓанин е да избира и да биде избран. Ја поздравувам секоја иницијатива што може да придонесе за развој на демократијата и која може да развие алтернативни политики кои потоа заедно би ги имплементирале во пракса.
Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска одржа состанок со фокус група на наставниците – ментори во врска со новите материјали за учење за прво одделение. Царовска на состанокот се заблагодари на наставниците-ментори за одвоеното време да ги разгледаат новите материјали за учење и да го дадат својот придонес во нивната изработка.