Со измените на Законот за стечјаци, правото на материјално обезбедување ќе го остварат уште најмалку 1100 стечајци, објави премиерот Зоран Заев на неговиот ФБ-профил.
Пензискиот фонд е во стабилна состојба, пензиите како и досега ќе си продолжат со тековна, редовна, навремена исплата. Нема никаков проблем во врска со одржливоста на буџетот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, изјави директорката на ПИОМ Билјана Јовановска во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Од утре ќе почне вакцинирањето со „Фајзер“ на децата од 12 до 17 години чии родители/старатели се пријавиле на сајтот vakcinacija.mk. Според Министерството за здравство, пријавени се околу 1800 деца. Единствено за нив вакцинирањето е со закажан термин, за возрасните повеќе не е потребно пријавување.
Короната не постои, маските можат да убијат, вакцините содржат микрочипови, опасни се и имаат штетни ефекти – на овие и безброј слични дезинформации наидуваме секојдневно во инфодемијата поврзана со пандемијата со Ковид-19. Дел од нив нанесуваат мошне штетни последици по општото здравје и ја разнишуваат довербата на луѓето во врска со сè што се презема за да се спречи пандемијата со Ковид-19.
Во текот на вчерашниот ден, на 17 јули 2021 година, во доцните вечерни часови, Владата на Република Северна Македонија, успешно го заврши процесот на репатријација на државјани на Република Северна Македонија од Сирија и Ирак за 4 мажи – странски терористички борци, 5 жени и 14 деца.













































































































