ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Хоџа: Во законот за продажба на земјоделско земјиште ќе бидат вклучени сите аргументирани забелешки

July 23, 2021 14:49
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа вели дека во финалната верзија на законот за продажба на државно земјоделско земјиште ќе бидат вклучени сите аргументирани забелешки на засегнатите страни, како и дека постапката за негова изработка ќе биде транспарентна и инклузивна. Од вчера одржаната јавна дебата за ова прашање, вели, произлегол заклучок дека ваков закон треба да има и оти останува да се допрецизираат деталите. 

-Така што, сите што беа присутни во салата се согласуваат дека треба да има закон за продажба на земјоделското земјиште. Во ниту еден случај, ниту еден од земјоделците ниту од индивидуалците што присуствуваа Федерацијта на фармери или другите засегнати страни не беа против да се донесе закон за продажба на земјоделско земјиште, рече Хоџа одговарајќи на новинарско прашање по потпишување на договори со претставници на осумте плански региони. 

Целиот процес и до сега, рече министерот, е транспарентен и инклузивен, а така ќе биде  и кога ќе го пуштиме во понатамошна владина процедура или собраниска процедура.  

Тој нагласи дека во делот на големината на парцелите нема ограничување, односно не мора да биде над 10 хектари површина за да може да биде дел од продажба. Во врска со забраната за пренамена, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, истакна дека со законското решение се забранува најмалку за наредните десет години тоа да може да се пренамени. 

Хоџа одговарајќи на новинарско прашање во врска со доцнењето на исплатата на субвенциите истакна дека тоа е резултат на носењето на ребалансот на Буџетот.

-Во тек е процедура во Собрание за усвојување ребаланс на Буџетот. Значи тоа треба да се затвори следната недела ако не грешам, бидејќи е вратен во Собрание усогласениот текст на Буџетот и верувам дека веднаш после усвојувањето, кога буџетот ќе стане активен ќе се исплатат сите субвенции, рече министерот. 

Next Post

Пендаровски со „Орден за заслуги за државата“ ги одликува Горан Стефановски, Зафир Хаџиманов, Ремзи Несими и Живко Мукаетов

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk