ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Коалицијата со ДУИ за локалните избори води грижа и за помалку бројните партнери од парламентарното мнозинство

July 23, 2021 16:39
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– Коалицијата со ДУИ за локалните избори е многу флексибилна и е 100-процентно заокружена за целата наша земја со цел да води грижа и внимание и за помалку бројните политички партии со пратеници или со гласови од претходните избори. Заради изградената голема доверба меѓу нас и одличната соработка што ја имаме и во Парламентот и во Владата можеме  да дадеме предност на правците на кои не упатуваат граѓаните во мултиетничките општини и кај мултипартиските застапености на политичките партии во општините, порача денеска премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев.

-Коалицијата со ДУИ значи заеднички настап на локалните избори и докрај ќе биде утврдена во зависност од самите кандидати. Може да се случи некаде да поддржиме кандидат на ДУИ уште во прв круг или ДУИ да одлучи да поддржи кандидат на СДСМ и Коалицијата „Можеме“, а некаде ќе одиме со поддршка во вториот круг зашто имаме и наши и нивни кандидати. Некаде ќе дадеме шанса да одат кандидатите на помалите партии и затоа не би било својствено уште во првиот круг ДУИ да ни даде поддршка или ние да му дадеме на ДУИ кога има кандидати од БЕСА, српските партии или турските партии и слично со цел да дадеме шанса низ демократски  процедури граѓаните да бидат тие кои ќе ги водат конечните коалиции, рече Заев во одговор на новинарско прашање на свеченоста по повод почетокот на изградбата на браната на река Отиња во Штип.

Ние сме владина коалиција со повеќе политички партии, посочи, а најголем коалициски партнер на СДСМ е ДУИ, но тука се и партнерите БЕСА и ДПА од албанскиот блок и 24 партии од Коалицијата „Можеме“.

-Многу ни е важно целата коалиција да опстојува, но сите имаат права да бидат различни заради тоа што се локални избори – избори на личности. На граѓаните им се важни партиите и коалициите, но важни им се и кандидатите и кандидатките за советници и градоначалници. Парламентарното мнозинство е стабилно, разбирачката помеѓу нас е огромна, шанса ќе добие секој и нема  да дозволиме било какво билатерално договарање во оваа голема коалиција да наштети на трета партија од коалицијата. Токму како најголем партнер во оваа коалиција сме максимално посветени да се бира најдобриот квалитет на кандидати и кандидатки за градоначалници и советници во било која општина. Полно внимание имаме како за Штип, така и за Карбинци, како што имаме за Кочани, така имаме и за Дебар. Секаде граѓаните се многу важни за нас и верувам дека ќе направиме најдобра селекција на кандидатките и кандидатите, посочи Заев.

На прашањето каков резултат очекува од источниот регион доколку изборите се утре, премиерот и лидер на СДСМ рече дека очекува голема победа, но потенцира дека тоа е работа на граѓаните.

-Наше е до моментот на селекција на кандидатите внимателно да ги слушаме предлозите на граѓаните преку истражување и анкети, но и од секојдневието. Задоволен сум од досега сработеното на истокот од локалната и централната власт и затоа се надеваме дека ќе добиеме поддршка, но тоа не е доволно бидејќи важни се и кандидатите. Граѓаните ќе одлучат. Јас верувам дека сме ја заслужиле нивната поддршка и верувам дека кандидатите и кандидатките предложени од коалицијата предводена од СДСМ ќе ја донесат победата скоро во сите општини во истокот, југоистокот и североистокот на државата, рече Заев.

Оптимизмот, како што рече, го темели врз истражувањата што ги правеле, но додаде дека насекаде треба да се почитува борбата со политичките противници и не треба да се потцени политичката битка со опонентите.

-Затоа мора да правиме максимално добри програми на реални основи и да го дадеме зборот пред граѓаните за да може тој збор да ни биде обврска да работиме уште повеќе. Врз основа на тоа граѓаните одлучуваат, потенцира Заев.

Next Post

Бочварски: Експресниот пат Штип-Кочани е пат кој ќе даде економски бенефит и развој на целиот источен регион

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk