ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Царовска во прегратка на прекрасната Дени, а за родителите вклучувањето на образовни асистенти е од огромно значење

July 23, 2021 17:21
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Мојот образовен асистент треба да биде активен и секогаш подготвен за моите предизвици и за моите барања. Посакувам образовниот асистент што ќе работи со мене да ужива во моите активности, тоа да не го работи со сила. Јас ги повикувам што повеќе да се пријават и морам да им кажам дека кој и да ми биде мене асистент, ќе му биде интересно“. Ова го кажа Дени, девојче со атипичен развој кое е вклучено во редовната настава веќе осум години. Заедно со мајка и, присуствуваше на денешната средба на министерката за образование и наука Мила Царовска со претставниците на Националните инвалидски организации, родителите на децата со попреченост и директорките на основните училишта со ресурсен центар, на која се разговараше за јавниот оглас за вработување на 500 образовни асистенти.

Родителите велат дека многу им значи вклучувањето на редовно вработени образовни асистенти во наставата, од есен.

„Навистина сме преблагодарни за овој чекор што го прави Министерството за образование и наука со вклучувањето на образовни асистенти во редовната настава. Со тоа ќе имаат голем бенефит сите четири страни – родителите, децата, наставниците и самите асистенти. Родителите нема веќе да доживуваат стрес со наоѓање на асистент. Досега приватно секоја година наоѓавме нов образовен асистент. Неколку се задржаа подолго, но заминуваа затоа што сакаа да си најдат перманентно решение. Сега, тоа ќе биде нивна редовна работа“, рече мајката на Дени, Ирена Жерновска, додавајќи дека ги охрабрува сите што се пронаоѓаат во конкурсот, да се пријават и активно да учествуваат во натамошното вклучување на децата со попреченост во редовна настава.

За полесна инклузија на децата со атипичен развој во редовна настава, родителите велат дека е најважна комуникацијата меѓу сите засегнати страни а за поквалитетен образовен процес важно е и вклучувањето на асистивната технологија.

Во тек е јавен оглас за вработување на 500 образовни асистенти, за што во буџетот на МОН се обезбедени 59 милиони денари. Ова е прво системско решение за поддршка во текот на наставата на децата со атипичен развој вклучени во редовна настава. Образовните асистенти ќе имаат 24.000 денари месечна нето плата и ќе бидат вработени во петте основни училишта со ресурсен центар „Златан Сремец“ и „Иднина“ од Скопје, Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор, глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ од Битола, „Климент Охридски“ од Ново Село и ОУРЦ „Маца Ѓоргиева Овчарова“ од Велес.

 

Next Post

Шахпаска: Секое дете е важно, отвораме градинки во целата држава

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk