Во петте основни училишта со ресурсен центар во тек се јавни огласи за вработување на 500 образовни асистенти, кои од есен ќе им бидат поддршка на учениците со атипичен развој вклучени во редовна настава. Месечните примања согласно огласите изнесуваат 24.208 денари.
Овчеполието станува центар за производство на зелена енергија. Ветерот и сонцето, кои ги има во изобилство, ќе се искористат за производство на електрична енергија. Стартуваше и официјално изградбата на „Ветропарк Богословец”.
Со години директно се уништуваа потенцијалите. Затоа поставивме амбициозни цели, мора да одиме со брз чекор, затоа што 12 години ништо не се помести на подобро, туку се уназади рече Царовска на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Битола.
ВМРО –ДПМНЕ користеа ваши пари за да отворат работни места каде ќе земате плата од 9.000 денари, но сега се сменија условите, а ние бараме да биде минимланата плата повеке од 22.500 денари, можеби не е доволно, но секако е повеќе, рече тој.
Кога станав градоначалничка, наследив општина со над 12 милиони евра доспеани долгови, колабирана општина, со колабиран раст. Од самиот почеток, не само што почнавме да исплаќаме долгови, туку почнавме и да градиме, кажа градоначалничката на Битола Наташа Петровска на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“.
Битола веќе не е општина во долгови туку пример каде се враќа сјајот во образованието, без корумпиран превоз, пример за отчетно и транспарентно работење, а ова е бидејќи отсекогаш знаевме што е најдобро за нашата општина, рече на трибината во Битола, пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска.
Министерот за здравство вчера преку објава на својот Фејсбук-профил информира дека рекорден број на дози вакцини се аплицирани во еден ден. Тој посочува дека за 24 часа една доза примиле речиси еден отсто од населението.
Скопје и годинава со повеќе активности и манифестации ќе одбележи 58 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, кога градот се разбуди во урнатини под кои 1.070 лица го загубија животот, а 3.000 беа повредени.
Вкупно 109 возачи се санкционирани за непрописно престигнување при вчерашната засилена полициска контрола спроведена од 07 до 12 часот, соопшти МВР.
Свежо и иновативно театарско искуство со музиката на „Бијело Дугме“ и кореографската поставка на танцовите на Игор Киров вечер е на програмата на Фестивалот „Охридско лето“. Сцената „Долни Сарај“ ќе биде исполнета со танц и музика што ги носи претставата „Сви марш на плес“.
СЗО вчера ги повика сите земји да работат заедно за да го испитаат потеклото на коронавирусот, еден ден откако Кина ги отфрли плановите за дополнителни лабораториски проверки на нејзина територија.
Борјан Бранковски е првиот наш натпреварувач што настапи на Олимпијадата во Токио. Тој во квалификациите постигна резултат од 573 кругови и го освои 21-вото место од вкупно 36 натпреварувачи.
Кинеската репрезентативка во стрелаштво Кијан Јанг го освои денеска првиот од вкупно 339 златни медали на Олимписките игри во Токио, откако троиумфираше во дисциплината 10 метри воздушна пушка.
J. Ѓ.







