ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Позитивна трансформација, 7 милиони евра инвестирани во Волково за четири години

July 24, 2021 14:07
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА
Кружен тек во Волково

Кружен тек во Волково

Share on FacebookShare on Twitter

Скопското село Волково во општина Ѓорче Петров во последните четири години доживува позитивна трансформација.

Преку инвестиции од централната и локалната власт, се реализираат бројни проекти кои го менуваат животот на граѓаните од ова населено место.

Во Волково во изминатите четири години се инвестирани над седум милиони евра во развојни и капитални проекти.

За првпат по 60 години се изгради спортска сала во училиштето „Јоаким Крчовски“ каде што над 400 ученици конечно ќе можат на соодветен начин да ги практикуваат часовите по физичко образование.

Спортска сала во Волково

Волково за првпат добива детска градинка со капацитет 175 деца, со што се решава еден децениски проблем на родителите од ова населено место. За многумина детската градинка во Волково претставува најмодерна детска градинка во државата.

Сообраќајниот хаос се реши со поставување на кружен тек, а веќе и да нема останат улица која не е асфалтирана или поплочена, нешто што беше сериозен проблем за граѓаните во минатото.

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров изрази задоволство што заедно со својот тим успеал во Волково да реализира бројни проекти за неговите сограѓани.

„Кога ја презедовме општината евидентна беше нееднаквоста меѓу урбаниот и руралниот дел од Ѓорче Петров. Освен тоа што таму со децении не се инвестирало, немаше ниту планови за иден развој. Заедно со мојот тим и со поддршка од централната власт се посветивме во планирање и реализација на важни капитални проекти. Го решивме проблемот со канализацијата, изградивме кружен тек на сред село, а патот кон Кучково го проширивме. Во Волково постојано се работеше на асфалтирање и поплочување на калливите и раскопани улици. Преку соработка со централната власт изградивме нова спортска сала а следните месеци ќе заврши и изградбата на првата детска градинка која е  најмодерна на овие простори. Се на се, инвестирани се над 7 милиони евра во Волково за овие четири години и можам да кажам дека сум задоволен од постигнатото, задоволен што успеваме да го подобриме животот на граѓаните кои живеат таму и ќе продолжиме да инвестираме и понатаму“ изјави Наумоски.

Д. Е.

Next Post

Спасовски: Од септември 2020 година досега, уапсени 479 лица барани со потерници

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk