Полицајци синоќа во 20:10 часот на улица „Бистрица“ во Охрид го лишиле од слобода Љ.Д.(45) од Охрид.
Како што соопшти МВР, кај Љ.Д. била пронајдена бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Полицијата од СВР Охрид, во 21 часот на кеј „Македонија“ во Охрид, врз основа на судска наредба, го привела и А.В.(31) од Скопје за издржување казна затвор од шест месеци за сторено кривично дело по член 144 од Кривичниот законик.
Како што информираат од МВР, приведениот бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за спровод во казнено-поправната установа Затвор Скопје.





