ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

УНЕСКО одлучи: Охридскиот регион го задржа статусот на Светско културно и природно наследство

July 25, 2021 19:07
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Комитетот за Светско наследство при Организацијата на ОН за образование, наука и култура на 44-тата пленарна сесија што се одржува во Кина денеска донесе одлука на Северна Македонија и на Албанија да им се даде дополнителен рок да постапуваат согласно препораките на Реактивните мисии на УНЕСКО, со што Охридскиот регион не е поместен на Листата Светски културни и природни богатства во опасност.

Усвоените измени на нацрт-одлуката предложени од работната група значат бришење на одредбата што предвидуваше поместување на Охридскиот регион на листата загрозени вредности, како и корекции во дел од одлуката со прецизно дефинирани дополнителни рокови за постапување по препораките и строг надзор на активностите.

На одлуката и претходеше дополнителна тридневна расправа на Комисијата за светско наследство со комисиите на БиХ, Норвешка, Русија и на Бахреин за усогласување на спротиставените позиции по предлогот на БиХ да се даде рок од две години Северна Македонија и Албанија да ги исполнат препораките содржани во Извештаите на УНЕСКО.

Од име на македонската Влада пред Комитетот се обрати Министерот за животна средина Насер Нуредини, кој изрази благодарност што биле препознаени вложените напори и на двете држави им е одобрен дополнителен период за завршување на започнатите работи и потполно исполнување на добиените препораки. Посебна благодарност тој упати до Босна и Херцеговина и Руската Федерација за поддршката, како и на делегациите на Кина, Саудиска Арабија, Унгарија и Шпанија, но и до Австралија и Норвешка за, како што рече, конструктивните забелешки и совети.

-Драго ми ешто Охридското Езеро и регионот ќе имаат можност да го задржат својот статус и ќе имаме време за да ја комплетираме заштитата на ова неверојатно природно и културно светско наследство. Сепак, ова значи дополнителна одговорност, затоа сега е време навистина да работиме заедно и да се осигураме дека во иднина нема да се најдеме во ваква ситуација, рече тој, повикувајќи ги сите чинители, приватниот сектор, локалната самоуправа, сите граѓански организации и субјекти да се вклучат во заштитата на регионот со очекување на позитивен извештај во иднина.

Благодарност до БиХ за предложениот амандман со кој се пролонгира рокот за отстранување на забелешките на Реактивната мисија на УНЕСКО упати и Република Албанија, чиј претставник укажа на потребата да се стори повеќе, подобро и побрзо во адресирањето, идентификувањето и препознавањето на квалитативните страни, но и на слабостите на прекуграничното наследство.

-Апсолутно сме свесни дека само со координирано делување и прецизни временски рокови ќе ги решиме сите идентификувани проблеми и подготвени сме да работиме заедно со УНЕСКО и надзорните тела на светската организација, посочи албанскиот претставник.

Можност да се обрати пред Комитетот имаше и претставник на неформалното еколошко движење „Охрид СОС“ кој изрази отворено негодување, со забелешка на тоа што им е ускратена можноста да се обратат пред да биде донесена одлука.

-Во 2019 година со вашата одлука за Охридскиот Регион овозможивте дополнителни две години бетонирање на брегот на Охридско Езеро, дополнителни две години влевање гнасотии во неговите води и дополнителни две години трупање отпад во супстандардните депонии во неговиот слив. Истовремено прифативте дополнителни две години изговори, одложувања, лажирање, заблуди и кревки планови што обезбедуваат заштита само на експлоатацијата на регионот. Оваа исклучителната универзална вредност му припаѓа на целото човештво. Кога ќе сфатите дека со овие ваши постапки губите и вие?, рече претставникот на „Охрид СОС“.

Одлуката на комитетот на УНЕСКО беше поздравена од македонската политичка јавност.

– Со консензус е донесена одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО – природното и културното наследство на нашиот, светскиот Охридски Регион нема да биде впишано на листата на светско наследство во опасност, напиша на Фејсбук премиерот Заев.

Тој истакнува дека ова е признание за напредокот за зачувување на вредностите на Охридскиот Регион, но и најсилно предупредување дека сите мораме да се вложуваме и постојано да го штитиме охридското, македонското, светското наследство.

„Во периодот што претстои, заедно со Албанија, ќе ја засилиме соработката и координацијата со Центарот за светско наследство и советодавните тела на УНЕСКО, како и со Европската Унија и другите стратешки партнери, со цел соодветна рехабилитација и за бескомпромисна имплементација на Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион.

Северна Македонија продолжува со исполнување на препораките на УНЕСКО и одлуките на Комитетот за светско наследство и во соработка со општинските власти во Охрид, Струга и Дебрца и со граѓаните, ќе продолжиме да работиме посветено во таа насока.

Го штитиме нашето природно и културно наследство затоа што тоа е наше и светско културно наследство кое треба да го предадеме и на идните генерации. Со заштитата според највисоките стандарди од препораките на УНЕСКО за Охридско-струшкиот Регион го подобруваме и квалитетот на живот на граѓаните и го афирмираме владеењето на правото.“, напиша во објавата Заев.

-Остануваме впишани на престижната листана УНЕСКО. Но, ако целото крајбрежје, целото културно наследство, ако нашите Охрид, Струга и Дебарца не се впишани во нашите срца, бадијала е впишувањето или отпишувањето од која било листа, истакна денеска министерката за култура и претседателка на Националната комисија на УНЕСКО, Ирена Стефоска.

Според министерката, Комитетот со оваа одлука го препозна и уважи напредокот на Северна Македонија и Албанија во насока на зачувување и на исклучителната универзална вредност на Охридскиот Регион.

-Со оваа одлука, Северна Македонија и Албанија се обврзаа да донесат заеднички стратешки план за рехабилитација на Регионот и дополнително да го подигнат нивото на билатералната заштита и управување со светското наследство. Двете земји добиваат повеќе време за да ги исполнат препораките кои произлегуваат од реактивните мониторинг мисии и одлуките на Комитетот, порача Стефоска.

Таа додаде дека оваа одлука е последен момент, последен аларм да се интензивираат активностите на сите засегнати страни со цел да се зачува статусот на Охридскиот Регион.

Покрај засилената конкретна соработка со Албанија, во периодот кој претстои, Стефоска посочи дека ја засилуваат соработката и координацијата со Центарот за светско наследство и советодавните тела на УНЕСКО, како и со Европската Унија и другите стратешки партнери со цел соодветна рехабилитација и управување со Охридско-Струшкиот Регион.

Да ја исполниме обврската и да ги спроведеме препораките, како и да работиме заедно за да немаме слични ситуации во иднина, вели првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, во врска со одлуката на УНЕСКО со која Охридскиот регион останува на листата на заштитени подрачја.
Груби во објавата на својот фејсбук-профил пишува дека комитетот на УНЕСКО ги признал нашите напори и го одобрил предложениот амандман за завршување на започнатата работа и целосно спроведување на препораките и ги поканува сите странки за соработка и за придонес за заштита на езерото и целиот регион.
Охридскиот градоначалник Константин Георгиески, ја поздрави одлуката на комитетот и рече дека денешната консензуална одлука на Комитетот за светско природно и културно наследство на УНЕСКО за Охридскиот регион е вистинска потврда за нашите досегашни заложби, во исполнувањето на дадените препораки!

„Ова особено се однесува на успешните и сериозни активности кои Општина Охрид ги реализираше во делот на отстранување на бесправните градби, уредување на крајбрежјето и доследното почитување на одредбите од Планот за управување со светското природно и културно наследство.

За мене оваа одлука е нова енергија и мотив да продолжиме уште посилно во спроведување на решенија, кои ќе значат зачувување на статусот на светско наследство, што веќе 40 години го поседува овој регион.

Во името на граѓаните на Охрид, упатувам благодарност до Комитетот за дадената шанса, со уверување дека ќе ги вложиме сите напори за да покажеме дека знаеме да го чуваме и да грижиме за непроценливото богатство кое го имаме.“, објави на фејсбук Георгиески.

Статусот Светско природно богатство заштитено од УНЕСКО Охридското Езеро го стекна во 1979 година. Една година подоцна и Градот Охрид беше додаден на списокот заштитени културно-историски вредности, така што Охридскиот регион стана едно од само 38-те мешовити природни и културни подрачја во светот признаени и заштитени од УНЕСКО. Во 2009 година беше покрената иницијатива за впишување и на албанската страна на езерото и крајбрежјето под капата на УНЕСКО, така што десет години подоцна во 2019 година регионот беше проширен на двете страни од езерото опфаќајќи вкупна површина од 94,7 хектари.

Ј. Ѓ.

 

 

Next Post

Делта сојот и официјално потврден во Албанија

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk