пишува: РИБАРО
Откако Тричковски објави дека Мицкоски ќе почне да нуди евтини билети за лет во вселената, Мицкоски до редакцијата на АХА, испрати реакција во која, како што вели, ја демантира полунформацијата.
„Во врска со претпоставката од Тричко кој напиша: „Ако уште еднаш се состане со амбасадорката Барнс, Мицко ќе почне да нуди и евтини билети за лет во вселената.“, најостро демантирам дека јас – Христијан Мицкоски ќе нудам евтини билети за летови во вселената.
Имено, Мицкоски никогаш нема да е тапкарош, затоа што тоа е под моето ниво, туку ќе сум директен протагонист. Ако Тричкоски веќе добил некоја полунформација, верно е да ја чуе вистината:
Ќе бидам првиот македонски астронаут! ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски стапија во контакт со компанијата на почитуваниот Илон Маск „Спејс Икс“ и се во сериозни преговори Мицкоски да биде еден од членовите на екипажот кој ќе полета на мисијата во посета на планетата Марс.“, наведуваат во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму нагласуваат дека Мицкоски никогаш не би се задоволил и со некакви лесни вселенски прошетки како што тоа го направија извесни милјардери, а не пак да биде тапкарош на билети за летови во вселената, и потенцираат дека „даскалот“ е силно одлучен да ја конкретизира својата мисија на Месија и да стапне на планетата Марс.
Редакцијата на АХА, му посакува среќа и успех на Мицкоски во неговата мисија за промоција на нашата татковина на Марс, како прв астронаут од македонското тло.
Godspeed, даскале!
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK