Програмата Цивика Мобилитас успеа да ги зближи граѓанските организации со граѓаните, бидејќи порано организациите беа свртени само кон донаторите. Дел од тие организации правеа добри проекти и даваа резултати, меѓутоа ние видовме дека немаат допир со граѓаните, вели Ибрахим Мехмети, национален раководител на програмата Цивика Мобилитас, која одбележува 10 години постоењe, пренсе ЦИВИЛ Медиа.
Тој нагласи дека преку програмата Цивика Мобилитас, овозможиле да го премостат јазот, односно празнина помеѓу организациите и граѓаните, и во најголема мерка успеале да ја зголемат довербата и соработката.
„Оваа програма овозможува можност за долготрајност и одржливост на организациите и по завршувањето на поддршката од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), односно од швајцарската влада.
Граѓанските организации постојат за граѓаните, бидејќи тие се плод на интересот на граѓаните да ги решат своите проблеми или да промовираат нови вредности“, заклучи Мехмети.