Отворањето на преговори за членство во ЕУ треба да е одраз на заслуги за да има успех и за вас и за Европа. Не е целта само да се почнат преговори, туку сите точки да ги исполните, да ги реализирате и Македонија да почне преговори, пренесе МИА.
Ова го истакна денеска францускиот амбасадор Кристиан Тимоние на новинарско прашање за почетокот на преговори на С.Македонија со ЕУ по одржаното предавање пред студентите на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово на тема „Надворешната политика на Франција“.
-Нашата цел е да стремиме кон тоа да креираме независна Европа која што ќе соработува со сите земји членки. Исто така со сите држави на целиот свет. Со цел што повеќе да се интегрираме и соработуваме, рече амбасадорот околу надворешната политика на Франција.
Амбасадорот на Франција порача дека има одлични услови и стипендии за учење француски јазик во неговата земја, а се прават обиди да има добри можности за тоа и на македонските универзитети.