ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Без говор претседателе Пендаровски, без говор…

August 2, 2021 10:19
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Борче Боки Трајковски (фото: Огнен Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН)

Борче Боки Трајковски (фото: Огнен Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН)

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ

Не е проблем тоа што претседателот Стево Пендаровски решил да ја менува тридецениската традиција на прославата на најголемиот македонски празник Илинден. Традицијата и треба да се менува, да се дополнува, да се збогатува, а најавата на Пендаровски дека нема да има говор на Мечкин камен на Илинден, е еден, можеби прв, ама сериозен и многу значаен чекор кон уништувањето на традициите на ДПМНЕ со кои три децении ја труе јавноста и сите жители во Република Северна Македонија со отровот на најлажниот патриотизам.

Искрено, бев воодушевен кога разбрав за намерата на Пендаровски, дека на прославата заедно, на едно место, ќе ги собере водечките политички лидери и дека нема да одржи говор, дека ќе ја прекине најглупавата традиција на вмороните преку која се затупуваше мкд пучанството. Да ти пукне жила од излив на патриотизам после кој сите се повлекуваа во своите замоци, обезбедени и спастрени со милиони евра на сметките, труејќи го сопствениот народ со најсрамниот отров – говор на Мечкин камен. Си реков, тоа е одличен гест, израз на волјата за толку потребното национално помирување и за обнова на оптимизмот во поделеното македонско општество, за враќање на единството, преку бришење на дпмнеовските традиции за пренесување на патриотизам и разединување.

Таа идеја, сигурен сум дека ги воодушеви вистинските Македонци и патриоти, а ги разочара лажните и платените кикифрикиевци и глумците на коњи и магариња отсликани во Пандов и Рашела, со наганти и ками на појасите во најрасипаниот, најлажниот караван од Скопје до Крушево. Таквите и сличните, ја уништуваат идејата на вистинските и реалните, на искрените идејни следбеници на овие дејствија, затоа што во нив се замешува лажна политика, најлажниот патриотизам, затоа што меѓу нив на чело се појавуваат најбогатите, најспастрените патриоти, глумејќи македонштина, а сите збогатени од сметката на Македонија.

Та може ли една ваква значајна промена на концептот на прославата да помине молчешкум, прашува Кикифрики. Може. И пак ќе може, бе, токмак. Преку кур ни се говоранции од политичари, плукања на едни од страна на други, исвиркувања на едни од страна на други, а сите Македонци, и тоа на Мечкин камен, на најсветото место за Македонија. Не да може, него, ептен може. ДПМНЕ ги уништи сите вакви манифестации во Македонија, и од нив направи партиски собири, направи националистички дешавки на кои само носителите на знамињата со сонцето од Кутлеш и лавчињата имаа право на присуство. Од Илинден направија солунска патрдија и ја сервираа на јавноста како нивна, и ничија друга.

Истото го направија и со спортот, и со културата и со музиката, и со театарот, и со филмот, и со архитектурата, со сѐ. Сѐ што можеше да им донесе поени на политичката сцена, сѐ присвоија, за сѐ да уништат. И сега, нивните илинденски карвани немаат друга цел освен да ги дистанцираат и дискредитираат обичните, најобичните кои длабоко во себе не се согласуваат со нивните политики, ама ги носат трагите на двата Илиндени. Затоа, упатувам најискрени честитки за потегот на Пендаровски да нема говори на Мечкин камен, да се остават посетителите со плунките во усните шуплини, а свирките да ги искористат за сопствена забава покрај скарите под дебелите сенки на Мечкин камен…

Честит Илинден Македонијо!

 


Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.

Next Post

Двогледот од Таки Кардула, учесник во одбраната на Крушево

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk