Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски направи гаф на прославата во струшкото село Ташмаруништа.
Наместо Илинден, честиташе Велигден.
Во своето излагање, Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ, ја има поддршката од народот и е пред прагот на победа, повикувајќи на висока разлика на локалните избори и големо обединување на народот.
– Овие локални избори не се само избори вие што мислите за локалните авторите и медиокритети во фотелји, туку каква порака ќе испратите на тие кои упорно ги кандидираат и ја навредуваат нашата интелигенција, рече Мицкоски.