ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home БРОЈКИ

363 законски повреди кон животната средина – полугодишен извештај на Државниот инспекторат за животна средина

August 4, 2021 11:25
in ZOOM IN, БРОЈКИ, ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Во периодот јануари-јуни 2021 година, реализирани се 1.132 инспекциски надзори наместо планираните 866 инспекциски надзори, или остварено е 30% повеќе од планираното. Во 2021 година се реализирани 185 надзори повеќе од 2020, односно забележан е раст од 20%, се наведува во полугодишниот извештај на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС).

Оттаму посочуваат дека утврдени се 363 неправилности/законски повреди, за кои се издадени Решенија за нивно отклонување. За споредба, во истиот период во 2020 година се утврдени само 120 неправилности, или во 2021 година е забележано зголемување од 203%. Покренати се 43 прекршочни постапки, од кои 36 санкции се глоба-платен налог, а исто така покренати се 2 (две) кривични постапки. Во шест-месечниот извештај за 2020 година не се воопшто презентирани преземените казнени мерки и затоа не направивме споредба велат од ДИЖС.

Во 2021 година во споредба со 2020 година зголемен е бројот на вонредни (220 наспроти 126, или 75%) и контролни надзори (171 наспроти 71, или 138%), и покрај тоа што во овој период тројца од вкупно 19 инспектори не вршеле надзори (еден инспектор е на неплатено отсуство, од април еден инспектор е суспендиран заради сомнеж за поткуп и еден инспектор од 6 месеци 5 месеци бил на боледување). Во првото полугодие во 2021 година реализирани се 741 наспроти 749 редовни надзори од истиот период во 2020 година, што е намалување од 8 надзори, или 1%. Ова се должи на намалениот број активни инспектори на терен.

Од ДИЖС истакнуваат дека ефикасноста на Државниот инспекторат за животна средина е видливо зголемена во изминатиот период. Одлучни сме да им застанеме на патот на оние кои се обидуваат да ја загадат природата. И покрај предизвиците со кој се соочува Инспекторатот – продолжуваме со зголемени напори за поголема казнивост на загадувачите, стои во соопштението од ДИЖС.

J. Ѓ.

Next Post

Гаф на бугарскиот мандатар Пламен Николов - ќе го ревидира Преспанскиот договор?

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk