Еден од најнегативните политички ликови кога е во прашање евроинтеграцијата на Северна Македонија, бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, за 2-ри Август, со статус во кој е поместена фотомонтажа на која пишува: „Илинден, майко, Илинден – за българите Великден!” („Илинден, мајко, Илинден – за Бугарите Велигден!).
Да се потсетиме на честитката од претседеателот на ВМРЦО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој од струшкото село Ташмаруништа, наместо Илинден, честиташе Велигден.
Мицкоски честита Велигден наместо Илинден, Џамбаски пак истиот ден вели: „Илинден, мајко, Илинден – за Бугарите Велигден!
Која е таа неверојатна случајност Мицкоски и Џамбаски да честитаат идентично во исто време? Дали навистина се работеше за гаф кога Мицкоски честиташе Велигден на Илинден, или споделувајќи ја истата нарација Мицкоски и Џамбаски сакаат нешто да ни соопштат?
Се шегува ли Џамбаски со Мицкоски за неговиот гаф од Ташмаруништа, или сериозно посреди е нешто сосема друго во прашање?
Ј. Ѓорѓиоски