ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Град Скопје со парична награда од по 10.000 денари за 194 пожарникари

August 5, 2021 14:49
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градот Скопје ќе им додели парични награди од 10.000 денари на 194 пожарникари  коишто се дел од 3 екипи што со 3 возила на Противпожарната бригада на Градот, придружувани со 3 цистерни вода, учествуваат во гаснењето на пожарите што ја зафатија РС Македонија. Паричните награди им се доделуваат заради нивниот  вонреден ангажман во гаснењето на пожарите и вон територијата на Град Скопје, односно нивната пожртвуваност да им помогнат на жителите и на сите други учесници во гаснењето на огнената стихија што ги зафати Старо Нагоричане, Кочани и Пехчево.

За да овозможи што подобри и побезбедни услови за работа на пожарникарите Градот Скопје континуирано вложува во човечкиот, но и во преостанатиот инфраструктурен потенцијал како нова, модерна и побезбедна опрема и возила за Противпожарната бригада.

Во изминатите 4 години Градот Скопје  ги зголеми платите на пожарникарите, а се  зголемува и капацитетот на бригадата, односно се вработени вкупно 41 пожарникар, а во тек е конкурсот за вработување на уште 20 нови пожарникари; со што се доближуваме и до исполнување на европските стандарди согласно кои пропорцијата треба да биде еден пожарникар на 1.500 жители.

Исто така, се вложува многу во опремувањето на противпожарната бригада, односно набавено е ново специјализирано возило – 45 метарска противпожарна скала со која брзо и ефикасно ќе може да се спасат сите граѓани кои живеат и повисоко од 5-ти кат на скопските висококатници. Ова повеќенаменско возило има и дополнителна опрема како пумпа за вода со капацитет од 45.000 литри во минута, а самата скала може да се користи и како кран за подигање товар од 4 тона. Набавени се и нови изолациони дишни апарати, униформи и чевли кои ги задоволуваат сите стандарди за безбедност, а обновена е и противпожарната опрема со нови црева и арматури. 35 години старата аналогна телефонска централа е заменета со современа нова дигитална централа, а набавена е и опрема за справување со шумски пожари со што се подига нивото на заштита на природата на комплексите Водно, Сарај и Матка.

Next Post

Во тек e јавниот повик на Град Скопје за доделување субвенции за чистење оџаци

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk